Брчево
Брчево — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во северниот дел на Струшкото Поле. Селото лежи на југозападните падини на Караорман.
Историја[уреди | уреди извор]
На крајот на XIX век, селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брчево живееле 300 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бчрево имало 336 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 9 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 300[1] | 336[2] | 299 | 316 | 355 | 308 | 140 | 54 | 33 | 9 |
Родови[уреди | уреди извор]
Брчево е македонско село.
Родови во селото се, според истражувањата од 1980 година:
- Староседелци: Стрезовци (3 к.), Ристевци (6 к.), Павлевци (5 к.), Цуцуловци (3 к.), Крстановци (3 к.), Балтовци (2 к.), Брановци (1 к.), Караџовци (1 к.) и Вељановци (1 к.)
- Доселеници: Димовци (3 к.) доселени се од Дебарско; Кленковци или Милошевци (1 к.) доселени се од селото Клење, Голо Брдо (денес во Албанија) од овој род има иселеници во голем број; Марковци или Мечкаровци (3 к.) доселени се од раселеното село Глобочица, го знаат следното родословие: Дончо (жив на 67 г. во 1980 година) Софран-Коте-Нелко-Марко, основачот на родот кој се доселил, Марко имал четири сина, од кои двајца останале во Глобочица, а со другите дошол во денешното село.[5]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
- Староседелци: Стрезовци (6 к.), Павлевци (7 к.) и Брановци или Николовци (5 к.) Николовци се викаат поради призетениот предок кој дошол од селото Модрич во Дримкол.
- Со непознато потекло: Вељановци (3 к.) и Караџовци (2 к.)
- Доселеници: Балтовци (4 к.) доселени се од раселеното село Дедено кај Глобочица; Ѓорговци (1 к.) и они се доселени од истото место како и претходниот род; Ристовци или Цуцуловци (16 к.) доселени се од Косоврасти кај Дебар, поради крв; Крстановци (4 к.) доселени се од некое село во Гора кај Призрен во Косово; Милошовци или Кленковци (2 к.) доселени се од селото Клење во Голо Брдо, Албанија; Мечкаровци или Марковци (4 к.) доселени се од селото Глобочица.[6]
Личности[уреди | уреди извор]
- Никола Василов Крстаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[7]
- Марко Ѓуров Маркоски — македонски револуционер од ВМОРО.[8]
- Профил Ристоски — македонски револуционер од ВМОРО.[9]
- Вело Трифунов Ристоски — македонски револуционер од ВМОРО.[9]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Брчево цело време давало иселеници. Има иселеници во Струга, Битола и Белград. Селаните кажувале дека Брчево има дадено повеќе иселеници, отколку што има жители во селото. Иселеници има и во некои околни села. Во Ложани се иселени Савевци (1 к.). Во Мороишта се иселени Брчевци (8 к.), а во Мислешево исто така Брчевци (8 к.).[5]
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:
- Од Стрезовци иселеници има во: Белград (шест семејства од 1926 година).
- Од Павлевци иселеници има во: Цапари (едно семејство од 1878 година), неко— село кај Петрич (едно семејство од 1888 година), Белград (едно семејство од 1945 година) и во Скопје (едно семејство од 1945 година).
- Од Вељановци иселеници има во: околината на Бачка (едно семејство од 1926 година) и во Земун (едно семејство од 1939 година).
- Од Караџовци иселеници има во: Белград (три семејства од 1945 година).
- Од Балтовци иселеници има во: Скопје (едно семејство од 1945 година).
- Од Ѓорговци иселеници има во: Лерин (едно семејство од 1888 година).
- Од Ристовци иселеници има во: Осиек (две семејства од 1898 година), Загреб (едно семејство од 1898 година) и во Крајова (две семејства од 1900 година).
- Од Мечкаровци иселеници има во: Софија (едно семејство од 1928 година) и во Белград (две семејства од 1945 година).[6]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
- ↑ 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 184-185.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
- ↑ 6,0 6,1 Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Брчево. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1.
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 9,0 9,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Брчево на Карти на Гугл