Велешта
Велешта | |
Координати | |
Општина | ![]() |
Население | 5.834 жит. (поп. 2002) |
Надм. вис. | 691 м |
Велешта на општинската карта
|
|
![]() |
Велешта е село во Општина Струга. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 5.834 жители.
Содржина
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во северозападните делови на Струшкото Поле, на 7 км северно од Струга, на самиот лев брег на Црн Дрим, во подножјето на планината Јабланица.
Историja[уреди | уреди извор]
На крајот на 19 век, селото било дел од Охридската каза на Отоманската Империја. Според податоците од 1873 година, селото имало 185 домаќинства со 500 жители мажи муслимани. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало население од 1.100 жители Албанци муслимани.[1]
Во 1893 година бугарскиот дипломат Атанас Шопов го посетува Велешта и пишува:
Арнаутското село Велешча е едно [во регионот], но е прочуено; го знае и мало и големо, бидејќи жителите не му се занимаваат речиси со ништо, но сепак располагаат со големи богатства. Таму храбрите Арнаути си распослале замоци и живеат како средновековни феудали. Пред стотина години тоа село се преселило од околината на Дебар. Се состои од едно арнаутско племе, кое било гонето од другите племиња, кои ги местеле за убиства. Има 100 души население.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 5.834 жители. Следува табела на националната структура на населението[2]
Националност | Вкупно |
Македонци | 1 |
Турци | 0 |
Роми | 1 |
Албанци | 5 758 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 74 |
Личности[уреди | уреди извор]
- Беќир Жута (р. 22 септември 1935) - поранешен македонски економист и политичар
- Фејзи Бојку (р. 24 март 1937) - македонски писател за деца
- Гарип Каба (1964 - ), македонски политичар, пратеник на ДПА
- Тахир Хани (1961 - ), македонски политичар, пратеник на ДУИ
- Ваит Насуфи (р. 9 август 1945) - македонски поет и писател за деца
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Велешта на Google Maps.
![]() |
Оваа статија за поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |