Според легендата, Ложани претставува старо село кое било основано околу еден ан, кој се наоѓал на патот на денешните населби: Долна Белица-Враништа-Ложани-Биџево-Требеништа.[3] Крај анот на патниците повремено им се случувало по нешто лошо (кражби, убиства). Според тоа и местото го добило името Лош-ан.[3]
На брегот на реката Црн Дрим во југозападниот дел на Република Македонија во пазувите на планините Караорман и Јабланица во Охридско-струшката Котлина на 7 км од бисерот на Македонија, Охридското Езеро, богато со многу природни квалитетни пивки подземни води кои извираат од подземните длабочини како природни извори или дупнатини на длабочини од 50 до 100 метри. (Во минатото извирале подземна води на помали длабочини од околу 25-35 метри со понизок квалитет на водата).
Ложани припаѓа под Општина Струга, брои околу 730 жители сите од македонска националност по вероисповед православни христијани, сместени во околу 160 домаќинства и околу 220 куќи претежно градби од понов период. Голем број на жители од Ложани се наоѓаат на печалба надвор од земјата во прекуокеанските земји најмногу во Австралија и Америка, а помал дел во европските земји кои помагаат во развојот и изградбата на Ложани.
Од организирани форми на општествениот живот во Ложани функционираат Фолклорниот ансамбл „Билјана“ кој има бројни гостувања во земјава и во странство. Селото е рамничарско, на надморска височина од 683 метри.
Во 1961 година во селото имало 748 жители, додека во 1994 година бројот на населението се намалило на 710 жители.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, во селото се забележани 729 постојани жители, сите Македонци.[1]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 644 жители, од кои 511 Македонци, 9 Албанци, 1 Ром, 6 Власи, 4 останати и 113 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Родови во селото се: Спасевци (30 куќи), Шурдовци (17 куќи), Жупановци (16 куќи), Шумуликовци (16 куќи), Перевци (12 куќи), Јаулевци (12 куќи), Иљовци (12 куќи), Поповци (10 куќи) и Танковци (10 куќи). Родот Поповци е доселен од селото Рајца (денес во Албанија на самата граница со Македонија), нивните роднини во Рајца се сега муслимански Албанци. Родот Јаулевци е доселен од сега албанското село Ливада го знаат следното родословие: Танас (жив на 40 г. во 1980 година) Нестор-Аврам-Анѓеле-Ѓорге, основачот на родот кој се доселил; Трајановци (1 куќа) и Танковци (1 куќа) доселени се после Првата светска војна од селото Биџево; Савевци (1 куќа) доселени се кога и претходните родови од планинското село Брчево.[12]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
Доселеници:Танковци (8 к.) доселени се околу 1825 година од соседното село Ливада; Поповци (7 к.) доселени се од селото Рајца во Албанија. На границата со Македонија; Танковци втори (1 к.) доселени се во 1926 година од селото Биџево, таму припаѓале на истоимениот род; Грчевци (1 к.) доселени се од селото Брчево во 1860 година.[13]
Црква „Св. Власиј“ — главната селска црква (осветена околу 1893 година)
Црква „Св. Власиј“ — главната селска црква (осветена околу 1893 година)Црква „Св. Власиј“ — главна селска црква и централен парохиски храм на Ложанската парохија;
Црква „Св. Преполовение“Црква „Св. Преполовение“ — црква од 2006 година;Црква „Св. Преполовение“ -Ложани, крстот пред црквата
Црква „Св. Богородица“ - камен темелник удрен на 25 октомври 2015 година.Има извор на света водаМанастир Света Богородица-Ложани, со извор на света вода
-Амбасадори со песна и ора по целиот свет Фолклорниот ансамбл Билјана од Ложани датира уште од далечната 1978 година па сè до ден денес со својата активност придонесува за афирмација на македонската фолклорна ризница пред пошироката јавност како во земјава така и во странство. Фолклорниот ансамбл Билјана моментално работи со две постојани групи:
Детски фолклорен ансамбл (на возраст од 7-12 години)
Младински фолклорен ансамбл (на возраст од 17-28 години)
Двата фолклорни ансамбли по традиција негуваат македонската народна песна и оро, особено песните и игрите од југозападниот дел на Македонија, како основна јатка, извор и израз на традициите на својот македонски народ.
На репертоарот на фолклорниот ансамбл Билјана се наоѓаат многу познати ора и игри како што се:
Ложански сплет, Повардарие, Сплет од Источна Македонија, Тресеница, Комитско оро, Водарки, Осоговка, Седенка, Жетварки, Струшко-Охридските игри, Песни, игри од Егејска Македонија, Истерување на чумата, Калајџиското оро, Пирин, Копачија, Жетварки и други македонски игри.
Низ сите овие игри и ора доминира богатиот колорит и вез на женската и машката народна носија,а посебно низ звукот на тапанот, гајдата и зурлите, пленува ритмичката кореографија и звукот на самата мелодија. Фолклорниот ансамбл Билјана е вистински афирматор на македонската народна песна и игра во земјава и во светот. Овој фолклорен ансамбл со своја програма и богатиот музички оркестар гостувал во повеќе земји на Европа и Африка каде на повеќе фестивали ги освојувал првите награди. Трагите на овој ансамбл навистина се неизбришани. За тоа најубаво сведочат гостиувањата во Бугарија, Полска, Р. Србија, Чехословачка, Германија, Египет, Холандија, Италија и други земји.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑ 13,013,1Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Ложани. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑ 15,015,115,2. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)