Зб'жди

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Збажди)
Прејди на: содржини, барај
Зб'жди
Збажди
Зб'жди се наоѓа во Republic of Macedonia
Зб'жди
Местоположба на Зб'жди во Македонија
Координати 41°21′00″ СГШ 20°40′22″ ИГД / 
Регион Малесија
Општина Општина Струга
Население 10 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1.252 м


Зб’жди или Збажди — село во Општина Струга.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на планината Караорман на надморска височина од 1.252 м. Во близина селото тече помала рекичка која во текот на летниот период пресушува и се нарекува Збажданска Река. Селото изобилува со поволни пасишта и богата шума кој се добар фактор за развој на сточарство и Еко-туризам.

Историја[уреди | уреди извор]

Според некои извори [1], западно од денешното село Зб’жди се наоѓа месноста Закаменска, од каде потекнува Олимпија, жената на Филип II и мајката на Александар Македонски. Олимпија е ќерка на епирскиот цар Неоптолемеј II, кои се сметале за потомци на Ахил. Родена е со името Поликсена, но во детскиот живот го носела името Миртала, а по свадбата, Филип II и го дал името Олимпија во чест на спортските игри. Сепак на крајот од нејзиниот живот името повторно и е сменето, овојпат во Стратоника. Областа Закаменска подоцна е преименувана во Малесија.

Името Зб’жди за прв пат се спомнува во 19 - от век во тогашната Отоманска империја под охридската локална управа.

Според статистиките од 1873 година , во селото имало 40 домаќинства сочинувани од 96 македонци.

Според статистиката на Васил Канчов од 1900 година во селото имало 550 жители македонски православни христијани.

Селото како месна заедница населена само со православни христијани од религиски гледна точка е под капата на Македонската Православна Црква. Веќе во 1905 година селото имало 640 жители, сите Македонци православни христијани, а тогаш во селото почнало да работи и училиште.

Според последниот попис на население направен во Република Македонија во 2002 година во селото има само 10 жители.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 10 жители. Следува табела на националната структура на населението[1]

Националност Вкупно
Македонци 10
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 0

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа постара селска црква која најверојатно е градена при крајот на XIX век и го носи името "Пресвета Богородица ".

Редовни настани[уреди | уреди извор]

На 28 Август во селото пред селската црква секоја година се одржува прослава на Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

Галерија од црквата Пресвета Богородица

Личности[уреди | уреди извор]

Таткото на познатиот македонски пијанист Симон Трпчески , Ѓоко Трпчески , потекнува од селото Збажди.

По овој повод , првиот албум на Симон Трпчески снимен во Република Македонија од страна на англиската издавачка куќа Еми класикс е посветен на селото Зб’жди. Промотивниот видео материјал наменет за албумот е снимен во селото од страна на Сузане Мекбрни и продуцентот Пол Бејтс. Само едно мало надополнување-таткото на Симон Трпчески е Ѓорѓија (Ѓоко Трпчески).

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

По процесот на присилна колективизација голем дел од населението го напушта селото и заминува во блиските градови Охрид и Струга, а некој фамилии подоцна и во Скопје. Според некој постари податоци има и некој фамилии кој имаат имигрирано во Америка и Австралија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

http://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Zba%C5%BEdi/ - временска прогноза



  1. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.