Биџево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Биџево
Биџево средсело.jpg

Ширината со големиот даб и чешмата во Биџево

Биџево во рамките на Македонија
Биџево
Местоположба на Биџево во Македонија
Биџево на интерактивна карта

Координати 41°13′48″N 20°41′53″E / 41.23000° СГШ; 20.69806° ИГД / 41.23000; 20.69806Координати: 41°13′48″N 20°41′53″E / 41.23000° СГШ; 20.69806° ИГД / 41.23000; 20.69806
Општина Coats of arms of None.svg Општина
Население 290 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 26003
Надм. вис. 694 м. м
Биџево на општинската карта
Биџево во Општина Струга.svg

Атарот на Биџево во рамките на општината
Commons-logo.svg Биџево на Ризницата

Биџево — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ширината со големо дрво и селската чешма во Биџево

Селото се наоѓа во централниот дел на Струшкото Поле. Селото е во близина на селата Ливада и Ново Село.

Историја[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век, селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.

Според податоците од 1873 г. селото имало 68 жители, Македонци.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948249—    
1953294+18.1%
1961351+19.4%
1971410+16.8%
1981455+11.0%
ГодинаНас.±%
1991189−58.5%
1994450+138.1%
2002546+21.3%
2021290−46.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Биџево живееле 66 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Биџево имало 72 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 546 жители, од кои 118 Македонци, 421 Албанец и 7 останати.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 290 жители, од кои 71 Македонец, 207 Албанци и 12 лица без податоци.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Лица без под. Вкупно
1948 249
1953 192 98 1 2 ... 1 294
1961 223 125 2 ... ... ... 1 351
1971 179 231 ... ... 410
1981 186 269 ... 455
1991 184 4 ... 1 189
1994 114 336 ... 450
2002 118 421 7 546
2002 71 207 12 290

Родови[уреди | уреди извор]

Биџево е македонско-албанско село.

  • Македонски родови се:
  • Пеќиновци (6 куќи) од околината на Пеќ се доселиле двајца браќа, но тие немале деца, па еден од браќата го посинил Трајан од селото Свиништа, охридско, го знаат следното родословие: Роме (жив на 33 г. во 1980 година) Ѓоше-Онуфрија-Ристо-Трајан, кој бил посинет од Свиништа; Плаќановци (5 куќи) доселени се од охридското село Плаќе, го знаат следното родословие: Михајл (жив на 86 г. во 1980 година) Цветан, основачот на родот кој се доселил, со брат му Димо; Блажевци (2 куќи) доселени се однекаде; Чавдаровци (2 куќи) доселени се од селото Свиништа, охридско; Танковци (6 куќи) доселени се од денешното албанско село ЛивадаЛивада; Рачиовци (1 куќа) доселени се од соседното сега албанско село Ново СелоНово Село; Луковчани (7 куќи), Пискупштани (3 куќи), Нережани (1 куќа), Модричани (1 куќа), Вевчанци (2 куќи) доселени се од разни села во Дримкол.
  • Албански родови се:
  • Положан (15 куќи) доселени се од селото Делогожди пред почетокот на Втората светска војна; Велештани (5 куќи), Мислодеждани (5 куќи), Дабовјанци (2 куќи), Татешани (2 куќи), Богојчани (2 куќи), Калиштани (1 куќа), Поумци (1 куќа) и Горенци (1 куќа) имињата ги носат по селата од кои се доселени, доселени се после Втората светска војна.
  • Ромски род е:
  • Абази (2 куќи) не знаат од каде се доселени.[8]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:

Македонски

  • Пеќиновци (5 к.) доселени се од неко— село Пеќишта во Албанија (?). Они се први доселеници во селото. Доселени се уште во XVIII век; Плакановци или Марковци (3 к.) доселени се околу 1898 година од селото Плаќе кај Охрид. Таму припаѓале на родот Марковци; Арачиовци (2 к.) по потекло се од селото Брежани во Дебрца. Најпрво се населиле во селото Ново Село, па во 1908 година се доселиле во денешното село; Танковци (3 к.) по потекло се од селото Ливоишта кај Охрид. Од таму најпрво се населиле во селата Ливада и Драслајца, па во 1919 година се населиле во селото Биџево; Милиќевиќи или Милиќевци (1 к.) потекнуваат од лице кое било службено во селово. Он се земал со некојка тукашна девојка, и останал во селото. По потекло основачот на родот бил од Смедерево во Србија. Тој дошол овде 1923 година; Шкуртевци (3 к.) по потекло се од Белчишта или Слатино во Дебрца. Овде најпрво се населиле во Ливада (каде живееле 8 години), па во Ново Село (6 години) и во 1923 година се населиле во Биџево; Коловци (4 к.) доселени се од селото Луково во Дебарски Дримкол, таму имале истоимени роднини; Ѓутевци (1 к.) доселени се во 1935 година од селото Пискупштина во Дебарски Дримкол. Таму имале истоимени роднини; Филковци (2 к.) доселени се од селото Нерези во Дебарски Дримкол, во 1938 година; Попевци (1 к.) доселени се од селото Вевчани во 1936 година; Анѓелковци (2 к.) доселени се во 1898 година од селото Сирула кај Охрид.

Албански:

  • Положани (4 к.) доселени се од селото Делогожда; Леш (1 к.) доселени се во 1914 година од Долен Дебар; Елмаз (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Делогожди; Ќура или Ќуровци (3 к.) доселени се во 1942 година од селото Велешта; Дико (1 к.) доселени се во 1944 година од селото Долно Татеши.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата Свети Спас во Биџево

Црквата Свети Спас во Биџево

Џамија во Биџево

Џамија во Биџево

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:

Македонски:

  • Пеќиновци иселени се во: Драслајца (од 1893 година, познати како Ламушовци)
  • Арачиовци иселени се во: Битола (едно семејство од 1938 година).
  • Танковци иселени се во: Ложани (како домазет од 1926 година)
  • Шкуртевци иселени се во: Волино (од 1928 година, познати како Шкуртовци)

Албански

  • Леш се иселени во: Охрид (едно семејство од 1938 година).

Целосно се иселил родот Ланџовци во селото Драслајца.[9]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 102-103.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.164-165.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  8. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
  9. 9,0 9,1 Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Ташмаруништа. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]