Охридско-струшка Котлина
(Пренасочено од Струшко Поле)
Охридско-струшка Котлина — котлинска целина во југозападна Македонија и прекуграничите предели во Албанија. најмногу го зафаќа просторот на басенот на Охридското Езеро. Тектонски предиспонирана котлината е ограничена со водоразделните линии по планините: Стогово со Караорман, Илинска и Плакенска, Галичица, Мокра и Јабланица. Изземајќи ја водната површина на езерото, котлината зафаќа 1.318,3 км2. Рамничарските предели лежат на надморска височина од 600 до 800 м и зафаќа 204,9 км2, од кои речиси половината се во појасот од 690 до 700 м.[1]
Поделба[уреди | уреди извор]
Според морфологијата, како посебни просторни целини во Охридско-струшката Котлина се издвојуваат следниве подрачја:[2]
- Охридско Поле
- Струшко Поле
- Поградечко Поле
- Дебрца (поделена на Горна, Средна и Долна)
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Група автори (2016). „Охридско-струшка Котлина“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 129-130. ISBN 978-9989-110-90-0.
- ↑ Маркоски, Благоја (2005). „Картографско дефинирање и диференцирање на котлинските просторни целини во Република Македонија“ (PDF). Билтен на заводот за физичка географија. Скопје: ПМФ. 2 (2005): 61–62. ISSN 1409-8288.