Прејди на содржината

Црква „Св. Преображение“ - Локов

Координати: 41°23′17″N 20°39′24″E / 41.38806° СГШ; 20.65667° ИГД / 41.38806; 20.65667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свето Преображение

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Прва струшка
Местоположба

Карта

Координати 41°23′17″N 20°39′24″E / 41.38806° СГШ; 20.65667° ИГД / 41.38806; 20.65667
Место Локов
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Преображение Христово
Изградба 1994
Архитектонски опис

Свето Преображение претставува селска црква во струшкото село Локов. Заедно со останатите две цркви од истото село, таа припаѓа под јурисдикција на Првата струшка парохија.[1]. Камен-темелникот бил осветен и поставен на 19 јули 1994 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј. Црквата е позната е по тоа што во неа е забранет влез за жени поради некоја икона.

Легенда

Во црквата постои правило на кој влезот на жените во објектот е забранет. Според тоа легендата многу поодамна во селската црква несмеело да влегуваат жени, поради иконата која се наоѓала во црквата, сè до денот Св.Преображение кога некоја жена влегла. Во тој момент иконата ја снемало, а селаните се вдале во потрага под дрво и камен да се најде иконата, а жената била протерана од селото. После многу долги години иконата ја нашле на карпа каде што ја изградиле сегашната црквата Св. Преображение, и ден денес таму не смее да влезе жена, и на празникот Св. Преображение во дворот од црквата може да има жени, но никоја не смее да влезе.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Прва струшка парохија - цркви“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2011-04-30. Посетено на 2010-05-19.