Големо Илино
Големо Илино | |
![]() Широк поглед на Големо Илино | |
Координати 41°18′56″N 21°05′52″E / 41.31556° СГШ; 21.09778° ИГДКоординати: 41°18′56″N 21°05′52″E / 41.31556° СГШ; 21.09778° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Железник |
Население | 52[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 7240 |
Повик. бр. | 047 |
Надм. вис. | 716 м |
Слава | Петковден Св. Никола Летен[2] |
Мреж. место | Големо Илино |
![]() |
Големо Илино — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Содржина
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Атарот на селото зафаќа површина од 20,6 км², кој се состои од 327,8 хектари обработливо земјиште, 628,4 хектари пасишта и 925,6 хектари шуми.
Големо Илино се наоѓа на надморска височина од околу 980 метри.
Соседни села на селото Големо Илино се: Мало Илино од југ, Велмевци од север, Железнец од исток, и Велмеј и Брежани од запад и југозапад.
Историја[уреди | уреди извор]
Во 19 век, Големо Илино се наоѓало во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.
Во минатото постоело само едно село Илино, тоа село постоело кај Црква „Св. Илија“, на самата граница со областа Дебарца. Но тоа село таму пропаднало,по што останале двајца браќа, поголемиот брат го основал селото Големо Илино, а помалиот брат го основал селото Мало Илино.
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Големо Илино имало 640 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Големо Илино имало 624 жители.[4]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 52 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 640 | 624 | 618 | 604 | 412 | 295 | 208 | 104 | 81 | 52 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Родови[уреди | уреди извор]
Големо Илино е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[8]
- Староседелски и доселенички со непозната старина се: Степановци (9 к.), Стојковци (13 к.), Раповци (1 к.), Ѓорговци (18 к.), Ремковци (8 к.), Чобановци (7 к.), Чукалковци (5 к.), Рутевци (8 к.), Роговци (4 к.) и Вилиповци (5 к.).
- Доселени со позната старина: Митановци (4 к.) доселени се од селото Патец, кичевско. Ја знаат следната генеологија Косте (жив на 65 год. во 1952 година) Сиљан-Цветан-Илко-Митан, кој се доселил во селото; Велковци (14 к.) и Рапевци (9 к.) доселени се од мијачкото село Гари. Во првиот род се знае следната генеологија Паун (жив на 60 год. во 1952 година) Ѓоргија-Најде-Велко, кој се доселил; Карабашовци (4 к.) доселени се од денес раселениот град Закамен.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долнени, во која покрај селото Големо Илино, се наоѓале и селата Бабино, Базерник, Брезово, Доленци, Железнец, Мало Илино и Средорек. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Железнец, во која влегувале селата Големо Илино, Железнец и Мало Илино.
Личности[уреди | уреди извор]
Родени во Големо Илино[уреди | уреди извор]
- Секула Најдов Карабашовски — македонски револуционер од ВМОРО. Дејствувал во демирхисарско. Дел од четата на Јордан Пиперката, кај кого добил заклетва. Учествувал во борбите со турскиот аскер кај Прибилци, Карбуница, Боиште и Бабино.[9]
- Соколе Иванов Караџовски (Караџов) — македонски револуционер од ВМОРО. Активно учествувал во борбите против турскиот аскер, дел од четата на Алексо Стефанов, кај кого и примил заклетва.[10]
- Симјан Чукалков Крстески (р. 1866 - ? ) — македонски револуционер од ВМОРО. Бил дел од четите на Алексо Стефанов и Петар Чаулев.[11]
- Сиљан Вељанов Крстески (р. 1871 - ? ) — македонски револуционер од ВМОРО. Дел од четата на Јордан Пиперката. Учествувал во борбата кај Прибилци.[12]
- Никола Мицков Крстевски (р. 1871 - ? ) — македонски револуционер од ВМОРО. Дел од четата на Павле Трајков, учествувал во борбите со турскиот аскер кај селата Прибилци и Карбуница.[13]
- Мате Николов Крстевски — македонски револуционер од ВМОРО. Добил заклетва од Јордан Пиперката. А потоа бил дел од четата на Павле Трајков. Учествувал во борбата со турскиот аскер кај селото Прибилци.[14]
- Цветан Николов Кулумовски (р. 1872 - ? ) — македонски револуционер од ВМОРО. Добил заклетва од Јордан Пиперката во 1902 година. Учествувал со Јордан Пиперката во борбите против турскиот аскер кај селата Брезово и Цер.[15]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки локалитети[16]
- Старо Село — населба од средниот век;
- Висои — доцноантичка некропола;
- Градиште — населба од хеленистичко и доцноантичко време;
- Присои — населба и некропола од доцноантичко време;
- Св. Петка — црква и некропола од средниот век.
- Цркви[17]
- Црква „Св. Никола“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Илија“ — главната манастирска црква на Големоилинскиот манастир, на надморска височина од 1.544 метри.[18]
- Црква „Св. Петка“ — црква од 1874 година, градена врз темели на постара црква.
- Реки
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Огромен број на население од ова село се има иселено, што се должи на негрижа на властите за селата во Македонија, посебно планинските. Од 1956 година, па наваму од ова село се имаат иселено преку 120 семејства, и тоа во: Битола, Скопје, Прилеп, Демир Хисар, Охрид, Ресен, Струга, но и во Долно Оризари, Сопотница, Прибилци, Кравари, Горно Оризари, Белче, Црновец, Суводол, и сл. Од странство иселеници има во: Австралија, САД, Канада, Шведска, Австрија, Србија (Белград), Хрватска (Загреб), и др.[19]
Галерија[уреди | уреди извор]
Течението на Големоилинска Река над селото
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 26 јули 2016.
- ↑ Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар. Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2. http://eprints.ugd.edu.mk/18749/1/Никола%20В.%20Димитров%2CГЕОГРАФИЈА%20НА%20НАСЕЛБИ-Општина%20Демир%20Хисар.pdf.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ . Архив МАНУ Фонд „Бранислав Русиќ“ АЕ 97/1б „Железник“ Големо Илино..
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 817-820.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Илинденски сведоштва. том II, дел II. стр. 823-827.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 1295-1296.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 1312-1314.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 1316-1318.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 1319-1321.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 1392-1393.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Александар Матески, „Плакенска Планина“, Економија и бизнис, година 18, број 219, септември 2016, стр. 106-107.
- ↑ Димитров В., Никола (2017). Географија на населби-Општина Демир Хисар. Битола.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Големо Илино на Ризницата ?
- Неофицијална страница за селото
|