Ристо Лозаноски
Изглед
| Ристо Лозаноски | |
|---|---|
| Роден(а) | 5 март 1923 Големо Илино, Кралство СХС |
| Починал(а) | 13 мај 1965 (возр. 42) Белград, СР Србија, СФРЈ |
Ристо Лозаноски (5 март 1923 , Големо Илино, Демирхисарско - 13 мај 1965 , Белград) — сликар, педагог, претставник на фигуративното и апстрактното сликарство. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1951. Бил учесник во НОБ. Бил член на групите Денес и Мугри. Се инспирирал од прилепскиот пејзаж, а во серија од експресионистички цртежи од личната драма.