Зашле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зашле
Викиекспедиција Железник 72.jpg

Поглед на селото Зашле

Зашле is located in Македонија
Зашле
Местоположба на Зашле во Македонија
Координати 41°22′20″N 21°08′35″E / 41.37222° СГШ; 21.14306° ИГД / 41.37222; 21.14306Координати: 41°22′20″N 21°08′35″E / 41.37222° СГШ; 21.14306° ИГД / 41.37222; 21.14306
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Грб на Општина Демир Хисар.png Демир Хисар
Област Железник
Население 42[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7244
Повик. бр. 047
Надм. вис. 1233 м
Слава Илинден
Ѓурѓовден[2]
Зашле на општинската карта
Зашле во Општина Демир Хисар.svg

Атарот на Зашле во рамките на општината
Commons-logo.svg Зашле на Ризницата


Зашле — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Зашле се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, сместено на 28 километри од општинското средиште, градот Демир Хисар. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.220 метри.[3]

Поглед на планината Лубен над селото

Селото Зашле се наоѓа на крајниот североисточен дел на Општина Демир Хисар, чиј атар се допира со подрачјето на општините Крушево и Кичево. Атарот е релативно голем и зафаќа простор од 19,1 км2. На него најголема површина заземаат пасиштата од 1.242,6 хектари, на шумите отпаѓаат 515,4 хектари, а на обработливото земјиште 140 хектари.[3]

Селото се граничи со селата Брезово и Кочиште (обете во Општина Демир Хисар), селата Долно Дивјаци, Горно Дивјаци, Пуста Река (сите во Општина Крушево) и селото Цер (сместено во Општина Кичево).

Во селото има две прекрасни природни чешми за вода кои секогаш се со исти капацитет на истечност.

Од 1996 година патот е целосно асфалтиран[4], има водоводна мрежа низ целото село и телефонска говорница на сретсело до старото основно училиште и селската продавница, кои за жал сега се напуштени.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото Зашле било дел од Битолската каза, во Крушевската нахија на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Поглед на планината Лубен над селото

Во минатото, населението се занимавало со производство на вар, која била продавана во градовите Прилеп, Крушево и Кичево. Воедно, главна стопанска гранка била и сточарството, кое денес е сведено на само едно стадо овци од 150 грла и 30-40 кози.[4]

Селото има мешовита земјоделска функција. Поради планинската клима и недопрената природа, во поново време особено е развиено пчеларството.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Зашле имало 280 жители, сите Македонци христијани.[5]

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Зашле имало 320 жители.[6]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 42 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 280 320 414 453 402 201 103 52 48 42
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Зашле е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[10]

  • Староседелци: Шулевци (6 к.) и Карадаг (1 к.).
  • Доселеници со непознато потекло: Раменовци или Илијовци или Рибаровци (24 к.), Пејовци (23 к.), Богдановци (14 к.) и Малци (11 к.). За Пејовци се мисли дека потекнуваат од предок Ром (Ѓуптин), а за Малци дека потекнуваат од предок Влав.
  • Доселеници со познато потекло: Спасеновци (1 к.), доселени се од селото Велмевци и Аризовци (5 к.), доселени се од некое село во мијачкиот крај.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поранешното основно училиште во селото
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долно Дивјаци, во која покрај селото Зашле, се наоѓале и селата Арилево, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци, Кочишта и Пуста Река. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочишта, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Илија“
Археолошки локалитети[11]
  • Јачмиште — населба и топилница од доцноантичко време;
  • Дабовја — населба и топилница од доцноантичко време;
  • Караиче — населба и топилница од доцноантичко време;
  • Куќиште — населба и топилница од доцноантичко време;
  • Кале — населба од средниот век;
  • На Куќишта — некропола од доцноантичко време;
  • Старо Кочиште — населба од среден век.
Цркви[12]
Манастири
Споменици
  • Споменик од НОБ

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Илинденски денови

Личности[уреди | уреди извор]

  • Костадин Поповски (1920-1994) — универзитетски професор и продекан на Економскиот факултет, носител на партизанска споменица од 1941 година

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Селото започнало да се празни кога биле распуштени колективите во 1950 година.[4]

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1951 година:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 18 ноември 2016. 
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар. Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2. http://eprints.ugd.edu.mk/18749/1/Никола%20В.%20Димитров%2CГЕОГРАФИЈА%20НА%20НАСЕЛБИ-Општина%20Демир%20Хисар.pdf. 
  3. 3,0 3,1 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 129. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 16 ноември 2016 г. 
  4. 4,0 4,1 4,2 Казиовска, Соња. „Во Зашле 20 години немало ниту свадба ниту заплакало новороденче“, „Дневник“, МПМ Македонија, 7 август 2015 (посет. 19 ноември 2016 г). (на македонски)
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  10. 10,0 10,1 . Архив МАНУ Фонд „Бранислав Русиќ“ АЕ 97/1а „Железник“ Зашле. 
  11. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]