Пуста Река
Пуста Река | |
![]() Поглед кон селото | |
Координати 41°24′46″N 21°9′20″E / 41.41278° N; 21.15556° EКоординати: 41°24′46″N 21°9′20″E / 41.41278° N; 21.15556° E | |
Општина | Крушево |
Население | 134 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 7520 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 16019 |
Надм. вис. | 1119 м |
![]() |
Пуста Река — село во Општина Крушево.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Пуста Река е планинско село оддалечено петнаесетина километри северозападно од Крушево. Се наоѓа на околу 1119 метри надморска висина и e опколено со средновисоки планини кои всушност се делови од планината Баба Сач и има многу убави терени исполнети со борови, букови и дабови шуми, всушност до самото село има убава букова шума. Надморската височина и околните шуми го прават селото да има многу пријатна клима и во лето температурите не се многу високи. Во Пуста Река можат да се видат многу убави пејзажи во сите годишни времиња. Низ селото тече мала рекичка која во лето пресушува а повисок водостој има само во рана пролет кога се топи снегот од планините.
Соседни села на Пуста Река се: Преглово и Пласница од север, Цер од запад, Горно Дивјаци од исток, и Долно Дивјаци и Зашле од југ.
Историја[уреди | уреди извор]
За настанокот на селото Пуста Река нема поточни податоци кога е настанато, но се знае како е настанато. Тоа настанало од тројца браќа кои биле по потекло од селото Вранештица - Кичевско. За името на селото се смета дека е настанато поради тоа што селото било запалено и до темел изгорено трипати. Еднаш тоа било запалено за време на турското владеење а двапати било изгорено за време на Втората светска војна. Во Пуста Река за време и на Турското ропство а и за време на Втората светска војна била развиена свеста за слободна Македонија и бил развиен отпорот и кон двете ропства при што се појавувале помали "дружини" кои се бореле против непријателот а селото било познато како село јатак на ајдуци. Познати се неколку народни херои кои во текот на втората светска војна ги дале своите животи и во нивна чест во селото се подигнати неколку споменици. Значајно е да се спомене дека во близина на селото во месноста Грујова нива е создаден првиот Крушевски батаљон. Може да се спомене дека како и во сите села од Западна Македонија така и од ова село има доста печалбари кои се заминати во европските и прекуокеанските земји.
- Археолошки наоѓалишта[1]
- Долна Црква — црква и некропола од среден век;
- Крушка — црква и некропола од среден век;
- Манастирче — средновековна населба;
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Пуста Река имало 470 жители, сите Македонци.[2]
Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Пуста Река имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото имало 134 жители, сите Македонци.[4]
|
| ||||||||||||||||||||||||||||||
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Населие | 300[2] | 400[3] | 459 | 454 | 415 | 367 | 287 | 201 | 173 | 134 |
Родови[уреди | уреди извор]
Пуста Река е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:
- Староседелци и доселеници со непознато потекло: Славковци или Шипинковци (23 к.), Јовковци (9 к.), Коруновци (4 к.) и Бендеровци или Миленковци (1 к.)
- Доселеници со познато потекло: Биљановци (6 к.) доселени се од селото Кореница, Прилепско. Го знаат следното родословие: Миајле (жив на 68 г. во 1951 година) Никола-Димитрија, кој се доселил од Кореница; Деспотовци (6 к.) доселени се од селото Лисичани, Кичевско; Јанковци (3 к.) доселени се од некое село во Мариово. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 48 г. во 1951 година) Тренче-Стеван, кој се доселил; Јаневци (3 к.) доселени се од селото Пласница, Кичевско, го знаат следното родословие: Степан (жив на 67 г. во 1951 година) Крсте-Јане, кој се доселил; Вијачовци или Илијовци (4 к.) доселени се од селото Вранештица, Кичевско; Грујовци (3 к.) доселени се од селото Белушино; Митановци (1 к.) и Божиновци (3 к.) стари деленици од Грујовци; Чоктуровци или Кузмановци (12 к.) доселени се од селото Кривогаштани, Прилепско; Чкаловци (2 к.) доселени се од селото Врбјани, Дебрца.[6]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Населението нема поволни услови да се занимава со земјоделство и поради тоа произведува многу малку, колку за свои потреби. Само две куќи во селото одгледуваат овци, додека пак останатите одгледуваат говеда,коњи и др. Во пролетниот период жителите на ова село собираат шумски плодови, мовови и печурки кои ги продаваат за да обезбедат средства за издршка. Тие, исто така се занимаваат со лов на диви животни, бидејќи селото изобилува со преубави планински терени. Има поволни услови за одгледување на пчели и за развој на пчеларството. Се произведува квалитетен, планински, цветен и чист мед.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Во селото Пуста Река има мал број на општествени установи, услови не се во можност да работат. Во селото има основно училиште во кое имаат завршено многу генерации, но за жал денес тоа не работи. Исто така има и мотел кој не работи, но има одличен потенцијал кој порано додека работеше беше посетуван од голем број туристи од Македонија и пошироко. Значајно е да спомнеме дека таму има филијала на Илинденка од Крушево во која се изработуваа едни од најквалитетните килими на Балканот, но за жал и таа не работи. Во селото има и една здравствена установа - амбуланта со низок степен на хигиена и недоволно снабдување со лекови.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1204 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на старо основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 67 гласачи.[8]
Личности[уреди | уреди извор]
- Андрија Велев Деспотоски — македонски револуционер од ВМОРО.[9]
- Никола Крстев Колески — македонски револуционер од ВМОРО.[10]
Спорт[уреди | уреди извор]
Во селото нема поволни услови за развој на туризмот. Околните падини на селото се погодни за скијање во зимскиот период и изобилуваат со одлични скијачки терени, меѓутоа за тоа да се оствари треба да се подобрат некои услови кои многу влијаат на туризмот како на пример сместување на туристите, изградба на ски-центри и слично.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Селото има околу 80 куќи од кои повеќето се празни, бидејќи голем број на жители мигрираат во градовите Прилеп, Битола, Кичево, Скопје, како и во европските и прекуокеанските земји поради непостоење на основни услови за нормален живот.
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1951 година:[6]
- Од Славковци во: Врбоец (едно семејство).
- Од Јовковци во: Романија (три семејства).
- Од Коруновци во: Крушево (едно семејство).
- Од Биљановци во: Јабука во Војводина, Србија (едно семејство) и во САД (едно семејство).
- Од Јанковци во: САД (едно семејство).
- Од Јаневци во: Пласница кај Кичево (како домазет од 1950 година).
- Од Вијачовци во: Јабука во Војводина, Србија (едно семејство).
- Од Божиновци во: Јабука во Војводина, Србија (едно семејство).
- Од Чоктуровци во: Романија (две семејства).
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9
- ↑ 2,0 2,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
- ↑ 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 6,0 6,1 Русиќ, Бранислав. Железник-Пуста Река. Архивски фонд на МАНУ АЕ 97/1а.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|