Преглово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Преглово
Преглово is located in Македонија
Преглово
Местоположба на Преглово во Македонија
Координати 41°27′48″N 21°7′14″E / 41.46333° СГШ; 21.12056° ИГД / 41.46333; 21.12056Координати: 41°27′48″N 21°7′14″E / 41.46333° СГШ; 21.12056° ИГД / 41.46333; 21.12056
Општина Coat of arms of Plasnica Municipality.svg Пласница
Население 1079 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 753 м
Commons-logo.svg Преглово на Ризницата


Преглово — село во Општина Пласница, во околината на градот Кичево.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Преглово се наоѓа во географската обалст Долно Кичево. Селото лежи на десниот брег на Треска во северното подножје на Бушева Планина. Оддалечено е 18 километри југоисточно од Кичево и 12 километри југозападно од Македонски Брод.

Историja[уреди | уреди извор]

На крајот на 19 век селото било дел од Кичевската каза на Отоманската Империја. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало 230 Македонци-муслимани.[1] Според рускиот енограф Афанасиј Селишчев, селото било означено како населено со Македонци-муслимани.[2]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, селото Преглово брои 1.079 жители, од кои:[3]

Националност Вкупно
Македонци 1
Албанци 3
Турци 1.070
други 5

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 230[1] 511 573 601 720 967 1.137 1.031 1.079

Гледна точка на локалното население[уреди | уреди извор]

Локалното население тврди дека се етнички Турци кои зборуваат на македонски јазик.

Општо гледиште[уреди | уреди извор]

Според останатите гледишта, целото население по етничка припадност всушност се Македонци, поточно Македонци-муслимани, кои се изјасниле како Турци поради политичко-религиски причини. Податоци за ова се наоѓаат во македонски, бугарски, српски и останати светски извори.

Родови[уреди | уреди извор]

Преглово е торбешко село.

Родови во селото се: Јусуфовци (35 к.), Мифтаровци (20 к.), Пировци (20 к.), Бетовци (15 к.) и Зејновци (5 к.) сите се староседелски, освен родот Зејновци кои се доселени од околината на Дебар, изгледа нивното потекло е албанско. Имаат иселеници околу (20 к.) во соседното село Пласница.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Во селото има основно училиште „Кемал Ататурк“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 257
  2. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево (mk-MK). 2018-05-16. конс. 2018-12-24. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]