Дворци
Дворци | |
Традиционална куќа во селото | |
Координати 41°27′52″N 21°05′34″E / 41.46444° СГШ; 21.09278° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Пласница |
Област | Долно Кичево |
Население | 24 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6539 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03013 |
Надм. вис. | 629 м |
Дворци на општинската карта Атарот на Дворци во рамките на општината | |
Дворци на Ризницата |
Дворци — село во областа Долно Кичево, во Општина Пласница, сместено на патот помеѓу градовите Кичево и Македонски Брод.
Етимологија
[уреди | уреди извор]Некои мештани веруваат дека селото во минатото се нарекувало Изворце.[2] Така било наречено поради врелото, кое се наоѓа под селото. Албанците го изговарале „Зворци“, па велат дека оттаму настанало Дворци.[3]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Ова село се наоѓа во областа Долно Кичево, во средишниот дел на територијата на Општина Пласница, од десната страна на реката Треска, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кичево.[4] Селото е рамничарско, на надморска височина од 610 метри.[4] Од регионалниот патен правец Кичево-Македонски Брод селото се наоѓа на раздалеченост од еден километар од овој патен правец. Оддалечено е 17 километри југоисточно од градот Кичево и 14 километри југозападно од градот Македонски Брод. Дворци се наоѓа под падините на планината Баба Сач.
Куќите на ова мало македонско село се наоѓаат во долината на малата Дворска Река, која е десна притока на реката Треска. Во негова близина се наоѓаат торбешките села: Преглово, Пласница и Лисичани.[2]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Баба, Стрмол, Стрмица, Колари, Цер, Росуља, Казија Ливада, Дворечки Ливади и Старци.[2]
Селото е збиен тип и нема маала поради мошне скромната големина. Единствено куќите се групирани по роднинските врски, кои се една покрај друга.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 30 семејства и 2 неженети, сите христијани.[5]
И Дворци се смета за старо село во Кичевската Котлина. Под истото име се сретнува во втората половина на XV век. Во тоа време живееле 34 словенско-христијански семејства.[2] Се верува дека некогаш селото се наоѓало во месноста Колари, каде се наоѓа руини и „манастириште“.[3] Месноста се наоѓа три километри јужно од денешното село, долж долината на малата Дворска Река. Се верува дека таму имало болест, поради што народот избегал, а дел од жителите преминале во Дворци. Атарот на тоа село денес претставува дел од сегашниот атар на Дворци.[2]
Во денешното село Дворци, најстар род биле Бојдевци, кои денес не постојат. По нив се населил предокот на денешниот род Момировци и на крај сите останати селски родови.[2]
Жителите на Дворци биле во незавидна позиција до крајот на турското владеење, бидејќи се наоѓале помеѓу торбешки села. Во 1902 година, пољак од Пласница зел некоја Ѓенка од родот Трпчевци за жена. Поради страв родот на кратко се преселил во Прилеп, од каде се вратиле во 1910 година. Пред крајот на турското владеење, во Дворци живеело и едно торбешко семејство (Селимовци) од Преглово. Таму се вратиле во 1912 година.[2]
Во XIX век, Дворци било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
-
Влезот
-
Скалите
-
Внатрешноста
-
Икони
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот зафаќа простор од 13 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 993,7 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 198,6 хектари, а на пасиштата 34,2 хектари.[4]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[4]
Во минатото, на планинскиот дел од атарот на селото престојувале влашки сточари. Најголемиот дел од обработливите површини се во посед на пласничани.[2]
По Втората светска војна, во месноста Старци во западниот дел на селото бил отворен рудник за мермер, каде се вработиле голем дел од мештаните.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во 1873 година било забележано дека селото имало 14 домаќинства со 68 Македонци (христијани).[6]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 175 жители, сите Македонци (христијани).[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Дворци имало 136 жители.[8]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дворци се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[9]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Дворци:[10]
Домаќинства | Гурбетчии | Писмени | Неписмени | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
мажи | жени | вкупно | мажи | жени | вкупно | ||
21 | 32 | 10 | 0 | 10 | 55 | 84 | 139 |
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[11]
Дворци е мало село, коешто во 1961 година броело 138 жители, а во 1994 година бројот на населението се намалил на 27 жители, македонско население.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Дворци живееле 25 жители, сите Македонци.[12]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 24 жители, од кои 9 Македонци, 13 Турци и 2 лица без податоци.[13]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 175 | 136 | 112 | 122 | 138 | 91 | 66 | 32 | 27 | 25 | 24 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]
Родови
[уреди | уреди извор]Селото Дворци е населено во целост со македонско население.[2]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
- Родови со познато потекло: Момировци (4 к.) и Сиљановци (3 к.), најстари родови во селото, потекнуваат од ист предок, доселени се од селото Прострање пред 150 години, односно на почетокот на XIX век. Го знаат следното родословие: Софе (жив на 60 г. во 1961 година) Ванчо-Илија-Ристе-Момир, предокот кој се доселил; Крлевци (4 к.), доселени се во турско време од селото Пласница; Шоповци (2 к.), доселени се од селото Ижиште; Ѓенковци (1 к.), доселени се од селото Пласница пред крајот на турското владеење; Пашовци (1 к.), Блажевци (1 к.) и Пласничани (3 к.), доселени се исто така од Пласница во разни периоди;
- Родови со непознато потекло: Ивановци (2 к.), Трпчевци (2 к.), Петревци (1 к.), Петковци (1 к.) и Секуловци (1 к.), доселени се однекаде.
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[3]
- Старинци: Момировци (1 к.); Кулумбаќовци (1 к.); Бојдевци (2 к.) и Петревци (1 к.):
- Доселеници: Секуловци (1 к.), Митревци (2 к.) и Крлевци (2 к.), дошле од Пласница и купиле ниви; Сиљановци (1 к.), дошле од Лисичани; Трпчевци (1 к.), Бошковци (1 к.), Тодоровци (1 к.) и Трпевци (1 к.), дошле од Пласница пред 20 години; Ѓенковци (1 к.), дојдени исто така од Пласница; Смилевци (1 к.), дојдени од Речани, дошле прво во Ижиште.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Селски дом
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Пласница, која била една од ретките општини во Македонија, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Брод во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Челопеци.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ижиште, во која покрај селото Дворци, се наоѓале и селата Ижиште, Лисичани, Ореовец, Пласница, Преглово и Русјаци. Општината Ижиште постоела и во периодот 1950-1952, кога во нејзе биле вклучени селата: Дворци, Ижиште, Пласница и Преглово.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 275 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на селскиот дом.[18]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[19]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[20]
- Росула — населба од доцноантичко време
- Цркви[21]
- Црква „Св. Недела“ — главна селска црква, изградена во 1893 г.
- Споменици
- Споменик во чест на загинати херои во четата на Христо Узунов
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- Водици (19 јануари) — централна манифестација во селскиот дом
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Од ова село се имаат иселено следниве родови: Бајадевци се иселиле во Романија, едни од најстарите родови во селото; Кузмановци, не се знае каде се отселиле и Дворчани (1 к.), живеат во кичевското село Староец.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 115–117.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Смиљанић, Тома, (1935) Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд, САНУ
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 236. Посетено на 12 октомври 2020.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 224
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 90-91.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 35.
- ↑ Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 октомври 2020.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 28 октомври 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 28 октомври 2020.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|