Прејди на содржината

Кичевска Котлина

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кичевско Поле)
Поглед на Кичевската Котлина од планината Баба Сач на југ
Градот Кичево претставува најголемиот центар во котлината
Поглед на котлината на зајдисонце од селото Јагол Доленци

Кичевска Котлина — една од поголемите котлини во Македонија која е неотектонска творба чијашто рамка ја прават планинските масиви на Бистра и Стогово од запад, Бушева Планина, Баба Сач, Бабењ и Плакенска Планина на исток. Дното на котлината — Кичевското Поле е на надморска височина од 680 м до 570 м. Најниската точка се наоѓа во источниот дел кај селото Атиште (570 м). Во јужниот дел котлината е прекршена со напречни раседи и има облик на симболот . Кичевската Котлина преку Бродска Клисура на исток се поврзува со Поречје, на југозапад преку превалот Пресека со котлината Дебрца, а на север преку превалите Стража и Буковиќ со Полошката Котлина. Вкупната површина е 1.059 км2, а дното има 88 км2. Во северниот дел се издига ниската планина Вардино (950 м), која овој дел го дели на две морфолошки целини: Зајас на запад и Осломеј на исток. Геолошкиот состав е доста сложен и е претставен со палеозојски шкрилци и тријаски варовници по рамката, а плиоцените и квартерните седименти по дното на котлината.[1] Во плиоцените седименти се откриени големи резерви на јаглен, врз основа на кои е изградена термоцентралата Осломеј. Развиена е градската населба Кичево.

Административен опфат

[уреди | уреди извор]

Котлината административно опфаќа територии на три општини:[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Т. Андоновски, Абразиони и флувијални елементи во Кичевска котлина, „Годишен зборник на ПМФ“, кн. 27, Скопје, 1984
  2. Трифуноски, Јован Ф. (1968). Кичевска котлина : сеоска насеља и становништво. Скопје. стр. 300.