Прејди на содржината

Пласница

Координати: 41°28′01″N 21°07′23″E / 41.46694° СГШ; 21.12306° ИГД / 41.46694; 21.12306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пласница

Поглед кон Пласница
(во позадина, во преден план е Преглово)

Пласница во рамките на Македонија
Пласница
Местоположба на Пласница во Македонија
Пласница на карта

Карта

Координати 41°28′01″N 21°07′23″E / 41.46694° СГШ; 21.12306° ИГД / 41.46694; 21.12306
Регион  Југозападен
Општина  Пласница
Област Долно Кичево
Население 2.115 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6539
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03034
Надм. вис. 881 м
Пласница на општинската карта

Атарот на Пласница во рамките на општината
Пласница на Ризницата

Пласница — големо и развиено село во областа Долно Кичево, во Општина Пласница, сместено на патот помеѓу градовите Кичево и Македонски Брод. Селото претставува административно седиште на истоимената општина. Населено е со Македонци-муслимани, кои од културолошки причини претежно се изјаснуваат како „Турци“.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Сретселото на Пласница

Ова големо село се наоѓа во областа Долно Кичево и претставува седиште на истоимената општина. Сместено е на неколку километри регионалниот пат Кичево-Македонски Брод. Од градот Македонски Брод, местото е оддалечено 11 километри, додека од градот Кичево е оддалечено 18 километри.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри.[2]

Пласница е големо село, сместено во долината на малата Пласничка Река, која е десна притока на реката Треска. Северно од селото се наоѓа плодно поле околу Треска, додека на југ се наоѓа падината на планината Баба Сач, каде се наоѓаат пасишта и шуми.[3]

Месностите во планинскиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Козјак, Мусица, Блато, Латоско Бачилиште, Бачило и други. Месностите во котлинскиот дел на атарот на селото се следни: Ограѓе, Ореовечки Лаг, Пласнички Лаг, Требеници и Мусино.[3]

Селото има многу збиен тип. Се разликуваат Мемицовско, Мутеско, Мустафовско, Кара Мишоско и Метоско Маало. Најголемо и главно маало е Мемицовско.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]
Споменици на НОБ во селото

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) под името Плашнича и имало 30 семејства, 4 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[4]

Пласница се смета за старо село во Кичевската Котлина. Под истото име се сретнува во втората половина на XV век. Во тоа село живееле 36 словенско-христијански семејства.[3]

Подоцна, еден дел од христијаните го прифатиле исламот. Оттогаш, селото било мешано, а нивниот сооднос се менувал во корист на муслиманите. Денес, Пласница е главно познато како торбешко село.[3]

Пласничани за време на турското владеење ги имаат зафатено обработливите земјишта долж реката Треска, дури и надвор од нивниот атар. Така, селаните ги поседуваат нивите и на атарите на околните македонски села: Ореовец, Ижиште и Миокази.[3]

Остатоци од стари гробови има на две места во селото, покрај училиштето и на едно место југоисточно од селото. Дел од камењата на гробовите биле употребени за изградба на минарето на џамијата.[3] На месноста Кале постојат гробишта, кои населението ги нарекува Еврејски гробишта.[5]

Постои предание дека селото некогаш било опустошено од чума.[3]

Во XIX век, Пласница било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Во селото Пласница на 28 септември 1944 година била создадена 48. дивизија на НОВЈ.[6] Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[7]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 17,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 804 хектари, на пасиштата отпаѓаат 412 хектари, а на обработливото земјиште 221 хектар.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Поглед на Пласница
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.603—    
19531.739+8.5%
19611.584−8.9%
19711.810+14.3%
19812.145+18.5%
ГодинаНас.±%
19912.513+17.2%
19942.390−4.9%
20022.288−4.3%
20212.115−7.6%

Во 1873 година било забележано дека селото имало 16 домаќинства со 73 Македонци (христијани).[8]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 930 жители, 200 Македонци (христијани), 650 Македонци-муслимани и 80 Роми.[9] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Пласница имало 128 жители.[10]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пласница се води како чисто македонско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 200 куќи.[11]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Пласница:[12]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
16 22 5 0 5 47 47 94

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.150 Македонци.[13]

Камен на сретселото, за кој е поврзана легенда и народна песна

Селото е големо, со пораст на бројот на население. Така, во 1961 година селото броело 1.584 жители, од кои 1.496 биле Турци, а 86 жители Македонци. Во 1994 година бројот на населението се зголемил на 2.390 жители, од кои 2.318 Турци, 74 Албанци и 46 жители Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Пласница живееле 2.288 жители, од кои:[14]

*Населението е претежно македонско, но дел од македонското население со исламска вероисповед се изјаснило како Турци или Албанци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.115 жители, од кои 2 Албанци, 2.055 Турци, 1 Бошњак и 57 лица без податоци.[15]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Пласница:

Година Македонци Албанци Турци Срби Бошњаци Ост. Лица без под. Вкупно
1948 1.603
1953 229 6 1.498 0 6 1.739
1961 84 0 1.496 1 3 1.584
1971 65 0 1.736 1 8 1.810
1981 24 1 1.777 1 342 2.145
1991 24 7 2.448 0 34 2.513
1994 46 24 2.318 1 1 2.390
2002 2 7 2.250 0 29 2.288
2021 0 2 2.055 0 1 0 57 2.115

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Потурчување

[уреди | уреди извор]
Панорамски поглед на селото

Поради социолошки, економски и политички влијанија, најголем дел од муслиманското население во селото се изјаснува како Турци. Македонскиот јазик е најзастапен, а јазиците на другите националности се изучуваат во поново време или воопшто не се говорат. На пописот од 2002 година, целото население е попишано како турско. На сите минати пописи или е заведено како македонско, или е во графата на муслимани или под друго. Општиот изговор на населението е дека отсекогаш биле Турци и дека во минатото им било забранувано да зборуваат на мајчиниот турски јазик. Најинтересен е фактот дека тие зборуваат на чист македонски јазик, а никогаш не биле под власт на држава која ја воделе Македонци, а да вршеле асимилација. После турското ропство, тој дел на Македонија бил под српска окупација, па тие го асимилирале народот во Срби, каде морало да се зборува на српски. Поаѓајќи од тој факт дека пласничани зборуваат на македонски, а не на окупаторскиот јазик - српски. По српската окупација, Македонија се ослободува и формира своја држава, каде Турците се конститутивен народ, а турскиот јазик мајчин за Турците. Сепак турскиот како наставен јазик е воведен дури по 1996 година, кога се формирала Општина Пласница.[16][17]

Гледна точка на месното население

[уреди | уреди извор]

Месното население тврди дека се етнички Турци кои зборуваат на македонски јазик.

Општо гледиште

[уреди | уреди извор]

Според останатите гледишта, целото население по етничка припадност всушност се Македонци, поточно Македонци-муслимани, кои се изјасниле како Турци поради политичко-религиски причини. Податоци за ова се наоѓаат во македонски, бугарски, српски и останати светски извори.

Селото Пласница е населено во целост со македонско население, кое се разликува според верската припадност на православна и муслиманска вероисповед.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

  • Македонските муслимански (т.н. „торбешки“) родови распоредени по маала се: Мутевско Маало има околу 40 к., родовите во маалото во најголем број потекнуваат од ист предок; Мустафовско Маало има околу 40 к., и тие во најголем број потекнуваат од ист предок; Кара Мишовско Маало има околу 23 к., и тие во најголем број потекнуваат од ист предок, а порано живееле во атарот на соседното село Ореовец; Мемицоско Маало има околу 75 к., таму живеат неколку торбешки родови; Метовско Маало има околу 30 к., а главен род во маалото се Имеровци. Муслиманското население во селото во најголем број е староседелско, но меѓу нив има и по некој доселеник од соседното село Преглово.
  • Македонски православни родови се: Кокалевци (6 к.) и Продановци (3 к.), тие се староседелски родови и нивните куќи се наоѓаат најдолу во селото, покрај Метоско и Мустафовско Маало.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[5]

  • Македонски муслимански родови
    • Староседелци: Метовци (18 к.), Беќировци (5 к.), Мелштовци (3 к.), Усовци (2 к.), Рамевци (2 к.), Ѓиѓировци (2 к.), Абдовци (1 к.), Изеировци (3 к.), Карамишовци (3 к.), Мутевци (7 к.) и Џеферовци (6 к.)
    • Доселеници: Мустафовци (10 к.), доселени од Ореовец; Пировци (4 к.), Ќеменџевци (2 к.), Беговци (3 к.), Бачковци (3 к.) и Дехаровци (3 к.), дошле од Преглово.
  • Македонски христијански родови
    • Староседелци: Андревци (2 к.), Продановци (2 к.), Крлевци (2 к.) и Игларовци (1 к.)
    • Доселеници: Димовци (1 к.), од Латово; Костевци (1 к.), од Козичино и Божиновци (2 к.), дошле од Сланско.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Општествени установи

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Пласница, која била една од ретките општини во Македонија, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Брод во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Челопеци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ижиште, во која покрај селото Пласница, се наоѓале и селата Дворци, Ижиште, Лисичани, Ореовец, Преглово и Русјаци. Општината Ижиште постоела и во периодот 1950-1952, кога во нејзе биле вклучени селата: Дворци, Ижиште, Пласница и Преглово.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 277, 277/1, 278 и 278/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18]

На парламентарните избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.520 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Селската црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[20]
  • Црква — црква од средниот век
Цркви[21]
Џамии[21]
Споменици
  • Споменици на НОБ на сретселото
Реки[22]
Џамиите во селото

Личности

[уреди | уреди извор]

Личности родени во Пласница:

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Од ова село се имаат иселено околу 50 торбешки семејства во Турција, особено во градовите Истанбул, Адапазар и Бурса. Потоа иселеници има и во прилепските села Јакреново, Саждево, Лажани и Борино. Родот Салифовци (13 к.) се иселил во Лисичани.[3]

Од македонските родови иселеници има во градовите Македонски Брод и Кичево и во кичевските села Ореовец и Ижиште. Некаде се иселиле и Игларовци, во Пласница биле доселени од Ижиште.[3]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 236. Посетено на 12 октомври 2020.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 118–119.
  4. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.254
  5. 5,0 5,1 Смиљанић, Тома, (1935) Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд, САНУ
  6. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Четириесет“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1623. Text "series " ignored (help)
  7. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  8. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
  9. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
  10. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
  11. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 37.
  12. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
  13. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  14. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 октомври 2020.
  15. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  16. ЛИСИЧАНИ НЕ ЈА САКААТ ДИРЕКТОРКАТА НА УЧИЛИШТЕТО[мртва врска]
  17. „Тивко и сиромашно предизборие во Пласница - Призма“. 2017-09-29. Посетено на 2020-10-17.
  18. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 13 октомври 2020.
  19. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 13 октомври 2020.
  20. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  21. 21,0 21,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  22. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 56. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  23. 23,0 23,1 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982
  24. Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.242

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]