Црква „Св. Никола“ - Пласница
| |
![]() Поглед на црквата | |
Македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Бродско |
Парохија | Русјачка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°28′11.99″N 21°07′11.12″E / 41.4699972° N; 21.1197556° EКоординати: 41°28′11.99″N 21°07′11.12″E / 41.4699972° N; 21.1197556° E |
Населено место | Пласница |
Општина | Пласница |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1484 |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | еднокорабна |
Портал „МПЦ“ |
Свети Никола — главна селска црква во бродското село Пласница.[1]
Црквата е сместена во долниот дел на селото, а околу нејзе се наоѓаат малкуте христијански селски гробишта.
Местоположба[уреди | уреди извор]
Црквата се наоѓа во селото Пласница, југоисточно од Кичево, на десниот брег на реката Треска.
Историја[уреди | уреди извор]
Од ктиторскиот натпис се дознава дека црквата била подигната во 1484 година.[2] Според други извори се тврди дека црквата потекнува од 1785 година.[3]
Архитектура[уреди | уреди извор]
Градба[уреди | уреди извор]
Таа е мала еднокорабна гробишна црква.[2]
Камбанаријата на црквата потекнува од 1923 година.[4]
Фрескоживопис[уреди | уреди извор]
Живописот црквата го добила истата година кога била и подигната, односно 1484 година. Стилските разбирања се блиски на т.н. мали работилници од крајот на XV век, чија активност се бележи во околината на Охрид и во посеверните делови.[2]
Се издвојува огромното допојасје на патронот Св. Никола Скоропомошник, допојасјето на Св. Климент Охридски и фигурата на Св. Кирил Солунски.[2]
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Свети Никола“. Македонска енциклопедија , книга II (М-Ш): стр. 1331. (2009). Скопје: МАНУ.
- ↑ „Русјачка парохија“. Посетено на 15 октомври 2020.
- ↑ Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 118–119.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Никола“ - Пласница на Ризницата ?