Сланско

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сланско
Поглед на село Сланско 01.jpg

Поглед на селото Сланско

Сланско се наоѓа во Republic of Macedonia
Сланско
Местоположба на Сланско во Македонија
Координати 41°29′17″ СГШ 21°13′39″ ИГД / 
Регион Logo of Southwestern Region, Macedonia.svg Југозападен регион
Општина Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Општина Македонски Брод
Област Порече
Население 169[1] жит.
Пошт. бр. 6530
Повик. бр. 045
Надм. вис. 750 м
Слава Илинден{br/>Свети Никола
Commons-logo.svg Сланско на Ризницата


Сланско — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Се верува дека името на селото потекнува по извор на солена вода во близина на селото.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Маалото Рајовци

Селото се наоѓа во областа Порече, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Македонски Брод, на северозападните падини на Бушева Планина, од десната страна на реката Треска.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 750 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 4,5 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 17,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.243 хектари, на пасиштата отпаѓаат 212 хектари, а на обработливото земјиште 175 хектари.[2]

Низ селото тече Сланштица, мала планинска река со притоки од длабоки долови.

Сланско има три нееднакви маала, Горно Маало, Мурговци и Рајовци. Двете маала (Горно Маало и Мурговци) ги поврзува главниот селски пат, додека третото маало (Рајовци) е од другата страна на реката.

Селото е поврзано со асфалтен пат од градот Македонски Брод, кој подоцна продолжува до селото Дреново.

Историја[уреди | уреди извор]

Групен фотопортрет на Ѓурчин Наумов (лево), Питу Гули (во средината) и Јордан Пиперката (десно).

Во XIX век, Сланско било село во Прилепската каза на Отоманското Царство, иако географски припаѓало на Порече.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сланско имало 560 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сланско имало 600 жители.[4]

Селото преминало од средно во мало, населено со македонско население. Така, во 1961 година Сланско броело 579 жители, а во 1994 година 218 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Сланско имало 169 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 560 600 599 612 579 406 303 245 218 169
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]


Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Споменици за Илинденското востание и НОБ во селото

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Брод, во која влегувале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суви Дол и Требино.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Сланско се наоѓале селата Брод, Девич, Дреново, Грешница, Латово, Суво Дол и Требино.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0229 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[8]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 113 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Никола“
Цркви[10]
Реки

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Илинденци[уреди | уреди извор]

Борци во НОБ[уреди | уреди извор]

Загинатите борци од селото за време на НОБ

Културни дејци[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. конс. 2 ноември 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 273. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. конс. 2 ноември 2017 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  8. „Описи на ИМ“. http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html. конс. 16 октомври 2017 г. 
  9. „Локални избори 2017“. https://rezultati.sec.mk/Local/Results?cs=mk-MK&r=r&rd=r1&eu=All&m=51&ps=325#. конс. 16 октомври 2017 г. 
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]