Близанско
Близанско | |
![]() Панорамски поглед на селото Близанско | |
Координати 41°45′32″N 21°9′46″E / 41.75889° СГШ; 21.16278° ИГДКоординати: 41°45′32″N 21°9′46″E / 41.75889° СГШ; 21.16278° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Порече |
Население | 37[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 6535 |
Повик. бр. | 045 |
Надм. вис. | 440 м |
![]() |
Близанско — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод. Селото е сместено на бреговите на езерото Козјак.
Содржина
Етимологија[уреди | уреди извор]
Името на селото прв пат е споменато како „Близниско“ во Константиновата грамота од 1258 година. Од првоспоменатото име се изведува дека означува „дол, рид“, или пак спојување на „близок“ со -ско.[2]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Порече, на левата страна на реката Треска (денес на бреговите на вештачкото езеро Козјак), во северниот дел на Општина Македонски Брод.[3] Селото е рамнинско, на надморска височина од 440 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 43 километри.[3]
Атарот е зафаќа површина од 6,2 км2. Пред изградбата на езерото, атарот бил поделен на следниот начин: пасиштата заземаат површина од 556,3 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 56,9 хектари, додека шумско земјиште нема.[3]
Во непосредна близина на селото се наоѓа и новоизградената викенд-населба Близанска, на самиот пат кон селото Здуње, каде била изградена и црквата „Св. Петка“.
Историја[уреди | уреди извор]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 45 семејства и 6 неженети, сите христијани.[4]
Во XIX век, Близанско било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото има полјоделско-сточарска функција.[3]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Близанско имало 20 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Близанско имало 160 жители.[6]
Близанско е мало село, во фаза на раселување. Во 1961 година селото броело 114 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 52 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Близанско имало 37 жители, од кои 36 Македонци и 1 Србин.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[7] | 1905[8] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 20 | 160 | 58 | 101 | 114 | 130 | 90 | 65 | 52 | 37 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Здуње, во која влегувале селата Близанско и Здуње.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Растеш, во која покрај селото Близанско се наоѓале селата Битово, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Здуње, Косово, Растеш и Требовле.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборно место бр. 0267 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[10]
На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 24 гласачи.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 24 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Црква — црква од средниот век;
- Селиште — населба од средниот век;
- Најдови Ниви — некропола од средниот век; и
- На Тумба — некропола од доцноантичко време.
- Цркви[15]
- Црква „Св. Архангел Михаил” — главна селска црква;
- Црква „Св. Петка” — помала црква во изградба; и
- Црква „Св. Петка” — новоизградена црква во населбата Близанска.
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 2 септември 2017.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 126-127.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 31. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 2 септември 2017 г.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.238
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-154.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. конс. 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. конс. 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Евидентирани археолошки локалитети во и околу ПНП Јасен
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.