Слатина (Порече)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Слатина
Дел од селото Слатина.jpg

Поглед на дел од селото Слатина

Слатина is located in Македонија
Слатина
Местоположба на Слатина во Македонија
Координати 41°35′9″N 21°10′55″E / 41.58583° СГШ; 21.18194° ИГД / 41.58583; 21.18194Координати: 41°35′9″N 21°10′55″E / 41.58583° СГШ; 21.18194° ИГД / 41.58583; 21.18194
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Македонски Брод
Област Порече
Население 30[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6533
Повик. бр. 045
Надм. вис. 580 м
Слатина на општинската карта
Слатина во Општина Македонски Брод.svg

Атарот на Слатина во рамките на општината
Commons-logo.svg Слатина на Ризницата


Слатина — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Влезот на селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, сместено од левата страна на реката Треска.[2] Селото е рамнинско, на надморска височина од 580 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 14 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 19,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.649 хектари, на пасиштата отпаѓаат 147 хектари, а на обработливото земјиште 100 хектари.[2]

Селото е поврзано со асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат Македонски Брод-Самоков.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 55 семејства и 3 неженети, сите христијани.[3]

Во XIX век, Слатина било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото нема точна стопанска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Слатина имало 400 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Слатина имало 520 жители.[5]

Селото е мало, населено со македонско население. Во 1961 година броело 265 жители, а во 1994 година 51 жител.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Слатина имало 30 жители, од кои 29 Македонци и 1 Србин.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 400 520 286 271 265 182 130 60 51 30
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Слатина е чисто македонско православно село. Во селото има има 7 родови, сите доселенички, кои се делат на родови со познато место на старина и родови со непознато место на старина.

Родови во Слатина се: Богевци (13 к.), Марковци (24 к.), Филиповци (12 к.) и Вељановци (16 к.), по преданието претците на овие родови биле браќа, но не се знае од каде се доселени; Мојсовци (8 к.), доселени се од Закамен, Струшка Малесија; Драгодоловци (3 к.), доселени се од селото Драгов Дол; Аранѓеловци (1 к.), доселени се поради албанските зулуми од Арангел, најпрво во селото Горно Крушје, а од таму во Слатина.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Слатинска Река
Поглед на главната селска црква „Св. Ѓорѓи“

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Слатина, во која влегувале селата Грешница, Горно Крушје, Долно Крушје и Слатина.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Слатина се наоѓале селата Горни Манастирец, Горно Крушје, Долни Манастирец, Долно Крушје, Драгов Дол, Томино Село и Тополница.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0236 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 12 гласачи.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 10 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[13]
Цркви[14]
Пештери[15]
Реки[17]

Личности[уреди | уреди извор]

Починати во Слатина

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 8 ноември 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 274. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 8 ноември 2017 г. 
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.242
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  6. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  10. „Описи на ИМ“. конс. 16 октомври 2017. 
  11. „Локални избори 2017“. конс. 16 октомври 2017. 
  12. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  15. Jovanovič P.S. (1928): Karsne pojave u Poreču. Glasnik Skopskog naučnog društva, knj. IV, Skoplje, 1-46
  16. „Најголема пештера во Македонија - Слатинска пештера“. „Дали знаевте дека“. конс. 2010-12-19. 
  17. Димитровска, Олгица (2012). Географски разгледи. Скопје: Институт за географија. стр. 41-42. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]