Тополница (Порече)
Тополница | |
![]() Поглед на селото | |
Координати 41°36′55″N 21°10′00″E / 41.61528° N; 21.16667° EКоординати: 41°36′55″N 21°10′00″E / 41.61528° N; 21.16667° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Порече |
Население | 36[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 6533 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03047 |
Надм. вис. | 600 м |
![]() |
Тополница — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри.[2]
Атарот зафаќа површина од 15,5 км2. На него шумите зафаќаат површина од 1.102 хектари, на пасиштата отпаѓаат 244 хектари, а на обработливото земјиште 185 хектари.[2]
Сместено е во источното подножје на планината Добра Вода.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Тополница било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото има мешовита земјоделска функција.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Тополница имало 230 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Тополница имало 320 жители.[4]
Селото е населено со македонско население, но селото е мало. Тоа, во 1961 година имало 253 жители, а во 1994 година само 63 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Тополница имало 36 жители, од кои 33 Македонци и 3 Срби.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 230 | 320 | 303 | 315 | 253 | 180 | 106 | 71 | 63 | 36 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Родови[уреди | уреди извор]
Во селото Тополница живеат родови на Македонци од православна христијанска вероисповед и тоа:
- Доселеници: Ролевци (16 к.) и Ангеловци (7 к.) се со исто потекло и слават Св. Мартинија(?!) и се доселени од некое место во Косово; Шашковци (10 к.) се доселиле од охридско; Чукалевци (9 к.) (слават и Ѓурѓовден) се доселиле од областа Закамен во „Дебарско“ од каде побегнале од турски „зулум“ и најпрвин биле населени на Космата Глава, потоа во Дрење и на крајот во денешното место.[8]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Манастирец, во која влегувале селата Горни Манастирец, Долни Манастирец, Драгов Дол, Инче, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Тополница се наоѓале селата Горни Манастирец, Горно Крушје, Долни Манастирец, Долно Крушје, Драгов Дол, Слатино и Томино Село.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборно место бр. 0242 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селската трпезарија.[9]
На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 26 гласачи.[10] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 22 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[12]
- Црква „Св. Атанасиј” — главна селска црква
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 15 ноември 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 298-299. Посетено на 15 ноември 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Српски етнографски зборник (српски). 28. Белград: СКА. стр. 316–317.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Тополница (Порече) на Ризницата ?