Требино
Требино | |
![]() Поглед на селото Требино | |
Координати 41°31′40″N 21°12′34″E / 41.52778° СГШ; 21.20944° ИГДКоординати: 41°31′40″N 21°12′34″E / 41.52778° СГШ; 21.20944° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Порече |
Население | 198[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 6530 |
Повик. бр. | 045 |
Надм. вис. | 660 м |
![]() |
Требино — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Содржина
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Порече, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Македонски Брод, на источните падини на планината Песјак.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено само 2 километри.[2]
Атарот зафаќа површина од 8,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 714 хектари, на пасиштата отпаѓаат 76 хектари, а на обработливото земјиште само 62 хектари.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Требино било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото нема развиена земјоделска функција.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Требино имало 65 жители, сите Македонци муслимани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Требино имало 16 жители, христијани.[4]
Требино е мало село, населено со македонско население, коешто во 1961 година броело 211 жители, а во 1994 година 204 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Сланско имало 198 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 65 | 16 | 160 | 147 | 211 | 189 | 176 | 206 | 204 | 198 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Основно училиште „Св. Климент Охридски“ до V одделение[8], подрачно училиште на ОУ „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Брод, во која влегувале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суви Дол и Требино.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Требино се наоѓале селата Брод, Девич, Дреново, Грешница, Латово, Сланско и Суводол.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборно место бр. 0233 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[9]
На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 142 гласачи.[10] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 140 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[12]
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 16 ноември 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 299. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 16 ноември 2017 г.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „ПУ Требино“. македонски: ОУ „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод. конс. 17 октомври 2017.
- ↑ „Описи на ИМ“. конс. 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. конс. 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.