Требино (Кајларско)
Кардија Καρδία | |
---|---|
Координати: 40°26.55′N 21°48.40′E / 40.44250° СГШ; 21.80667° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Еордеја |
Надм. вис. | 700 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 5 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Требино или Тремњо[2] (грчки: Καρδία, Кардија; до 1927 г. Τρέμπενο, Требено[3]) — иселено село во Кајларско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Еордеја на областа Западна Македонија, Грција. Сè до неговото напуштање во 1976 г. било населено исклучиво со Македонци.[4] Иако повеќе не е село, местото не е отпишано и денес се води со неколкумина жители.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото било сместено во јужниот дел на областа Сариѓол (Кајларската Котлина), 18 км источно од градот Кајлари.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]На крајот на XIX век Требино е заведено било македонско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тремнино (Tremnino) било село во Џумалиската каза со 100 домаќинства и 260 жители Македонци.[5][6] Во 1893 г. дипломатот Атанас Шопов го посетил Кајларско и забележал дела Тремнино било сосема македонско село.[5][7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Тремнико имало 220 жители, сите Македонци.[5][8]
На почетокот на XX век целото население на Требино потпаднало под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Требино имало 280 Македонци, сите под патријаршијата.[5][9] Нешто подоцна Боривое Милоевиќ забележал дека Требино се состоело од 42 македонски куќи.[4]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 290 жители.[4] Во 1920 г. 321 жител, кои во 1928 г. се накачиле на 421, а во 1940 г. — на 615 жители.[4] Во документ на грчките училишни власти од 1 декември 1941 г. се посочува дека Требино се состои
„ | само од 80 туѓојазични семејства... сите зборуваат словенски [т.е. македонски].[10] | “ |
Есента 1959 г. жителите на Требино биле принудени на масовна церемонија да дадат заклетва дека повеќе нема да говорат македонски.[11]
Иако некогаш било просперитетно и богато, во 1970-тите години властите во селото откриле големи лежишта на јаглен. Рударското претпријатие го откупило земјиштето заедно со градбите[4] и тука направило јагленокоп, а на селаните државата им изградила станови во Кајлари; помал дел од нив избрале да се преселат во околината на с. Исламли (Кила) кај Кожани, за што е основано населбата Ново Требино (Неја Кардија) која му принадлежи. Во времето на неговото иселување, на крајот од 1976 г., Требино броело преку 1.000 жители, а во 1981 г. е заведено со 3 жители, иако се сметало за раселено.[4] На пописите во 1991 и 2001 г. селото се води без жители, додека пак во 2011 г. во него се попишани 5 лица.
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 615 | 692 | 814 | 897 | 3 | 0 | 0 | 5 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Требино било богато село кое произведувало големи количества жито, тутун и анасон познат по својот квалитет.[4]
Личности
[уреди | уреди извор]- Елефтерија Вамваковска (р. 1945) — историчарка
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Со варијантите Требно односно Тремно.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τρέμπενον-- Καρδία
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 301.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с.98-99.
- ↑ Шопов, А. Из живота и положението на българите във вилаетите, Пловдив, Търговска печатница, 1893, стр. 230.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 270.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 178-179.
- ↑ Од Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, мит или реалност, Македонски научен институт, София, 1996, стр. 235.
- ↑ Весник „Фони тис Касторијас“, 4 октомври 1959: „Во текот на последниве два месеца жителите на неколку села во Северна Грција на официјални масовни церемонии изјавија дека ќе престанат да го зборуваат словенскиот дијалект [т.е. македонски јазик] и во иднина ќе зборуваат само на грчки. Првата церемонија се одржа во селото Кардија [Требино], Еордејска околија на Кожанскиот округ, кое според пописот од 1951 г. има 692 жители. Церемонијата е спроведена и во други села како Крија Нера [Лудово] од општината Лакомата [Старичани] во Костурскиот округ (41 жител) и Атрапос [Крапешино] од Леринскиот округ (466 жители).“
|