Калуѓерец
Калуѓерец | |
![]() Поглед на селото Калуѓерец | |
Координати 41°39′38″N 21°14′27″E / 41.66056° СГШ; 21.24083° ИГДКоординати: 41°39′38″N 21°14′27″E / 41.66056° СГШ; 21.24083° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Порече |
Население | 15 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6535 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03023 |
Надм. вис. | 550 м |
![]() |
Калуѓерец (понекогаш познато и како Калугерец[2]) — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Порече, во средишниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, непосредно од левата страна на реката Треска.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 550 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 29 километри.[3]
Атарот зафаќа простор од 6,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 423 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 56 хектари, а на пасиштата само 24 хектари.[3]
До селото води асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до поранешното општинско средиште Самоков.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Калуѓерец било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото нема развиена земјоделска функција.[3]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Калуѓерец имало 180 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Калуѓерец имало 160 жители.[5]
Калуѓерец е мало село, коешто во 1961 година броело 162 жители, а во 1994 година 73 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Калуѓерец имало 47 жители, од кои 46 Македонци и 1 останат.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180 | 160 | 175 | 181 | 162 | 150 | 136 | 73 | 73 | 47 | 15 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови[уреди | уреди извор]
Калуѓерец е македонско православно село, родовите во селото се доселенички.
Родови во селото Калуѓерец се: Ристовци (8 к.) и Оџовци (12 к.), доселени се од Охридско; Прчковци (7 к.), доселени се од селото Модриште, а во Модриште се доселени од Охридско.[11]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Модриште, во која влегувале селата Белица, Вир, Калуѓерец, Локвица, Могилец и Црешнево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Модриште, во која покрај селото Калуѓерец се наоѓале селата Белица, Брезница, Вир, Могилец, Модриште, Локвица, Тажево и Црешнево.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачко место бр. 0263 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селската трпезарија.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[15]
- Црква „Св. Никола” — главна селска црква;
- Црква „Св. Илија” — гробјанска црква; и
- Црква „Св. Недела” — помала црква крај регионалниот пат.
- Реки[16]
Личности[уреди | уреди извор]
- Василие Ѓуроски (1916- 1944) — загинат во НОБ.[17]
- Воислав Стојчески (1910 - 1944) — загинат во НОБ.[17]
- Драган Стојкоски (1925 - 1944) — загинат во НОБ.[17]
- Драге Стојкоски (1925 - 1944) — загинат во НОБ.[17]
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Во административна употреба (кај државните служби), селото се сретнува и под името Калугерец.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 145. Посетено на 15 октомври 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 15 октомври 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 323–324.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-05-05. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 47. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 17,3 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|