Могилец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Могилец
Поглед на село Могилец.jpg

Поглед на селото Могилец

Могилец се наоѓа во Republic of Macedonia
Могилец
Местоположба на Могилец во Македонија
Координати 41°39′02″ СГШ 21°13′24″ ИГД / 
Регион Logo of Southwestern Region, Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Македонски Брод
Област Порече
Население 27[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Надм. вис. 710 м
Commons-logo.svg Могилец на Ризницата


Могилец — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Сретселото на Могилец

Селото се наоѓа во областа Порече, во средишниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, непосредно од левата страна на реката Треска.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 710 метри.[2]

Атарот зафаќа простор од 8,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 623 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 89 хектари, а на пасиштата 77 хектари.[2]

До селото води асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до поранешното општинско средиште Самоков.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 50 семејства и 4 неженети, сите христијани.[3]

Во XIX век, Могилец било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Могилец имало 235 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Могилец имало 240 жители.[5]

Могилец е мало село, коешто во 1961 година броело 194 жители, а во 1994 година 58 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Могилец имало 27 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 235 240 237 242 194 166 114 60 58 27
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Модриште, во која влегувале селата Белица, Вир, Калуѓерец, Локвица, Могилец и Црешнево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Модриште, во која покрај селото Могилец се наоѓале селата Белица, Брезница, Вир, Калуѓерец, Модриште, Локвица, Тажево и Црешнево.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0264 според Државната изборна комисија, кое е сместено во Селскиот дом.[9]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 17 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[11]
  • Тумба - средновековна населба;
Цркви[12]
Манастир

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 25 октомври 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 199. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 25 октомври 2017 г. 
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.257
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  9. „Описи на ИМ“. http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html. посет. 16 октомври 2017 г. 
  10. „Локални избори 2017“. https://rezultati.sec.mk/Local/Results?cs=mk-MK&r=r&rd=r1&eu=All&m=51&ps=367. посет. 16 октомври 2017 г. 
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  13. Се разбудил од кома, па отишол да гради црква“, Дневник, 29 април (посет. 1 мај 2013 г). (на Македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]