Прејди на содржината

Брезница (Порече)

Координати: 41°44′12″N 21°13′35″E / 41.73667° СГШ; 21.22639° ИГД / 41.73667; 21.22639
Од Википедија — слободната енциклопедија
Брезница

Поглед на населбата Брезничка под селото Брезница

Брезница во рамките на Македонија
Брезница
Местоположба на Брезница во Македонија
Брезница на карта

Карта

Координати 41°44′12″N 21°13′35″E / 41.73667° СГШ; 21.22639° ИГД / 41.73667; 21.22639
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 8 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03007
Надм. вис. 1.000 м
Брезница на општинската карта

Атарот на Брезница во рамките на општината
Брезница на Ризницата

Брезница — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Под селото се наоѓа Брезничка населба, сместена на бреговите на езерото Козјак.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на селото првпат е споменато како „Брезница“ во турски документи од 1589 година. Името потекнува од Брезна со значење „река“ и негово придавно образување -ица. Од хидронимиското име Брезница од атрибутска синтагма „Брезна (Река) + -ица“ и означува место каде што има бреза или река покрај која има бреза.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Порече, на десната страна на реката Треска, во источниот дел на Општина Македонски Брод, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Сопиште.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 1.000 метри.[3]

Има мошне голем атар, којшто зафаќа површина од 30,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 3.052,1 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 115 хектари, а на пасиштата 95,8 хектари.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Брезница било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-шумарска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948295—    
1953319+8.1%
1961332+4.1%
1971349+5.1%
1981186−46.7%
ГодинаНас.±%
199197−47.8%
199494−3.1%
200249−47.9%
20218−83.7%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Брезница имало 280 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брезница имало 240 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Брезница се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]

Во 1961 година, селото броело 332 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 94 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Брезница имало 49 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 280 240 295 319 332 349 186 97 94 49 8
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови[уреди | уреди извор]

Брезница е македонско православно село. Селото Брезница го основал зетот на основачот на селото Тажево, кој дошол најпрво во Тажево како овчар од Дебарско. Тој потоа ја земал за жена сестрата на основачот на Тажево, која била саката исто како и него и го основал селото. Од основачот на селото кој дошол од Дебарско потекнува цело село.

Родови во селото се: Богдановци (12 к.); Средномалевци (16 к.) и Папуревци (8 к.).

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Брезница, во која влегувале селата Брезница и Тажево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Модриште, во која покрај селото Брезница се наоѓале селата Белица, Вир, Калуѓерец, Могилец, Модриште, Локвица, Тажево и Црешнево.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0268 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 23 гласачи.[16]

Личности[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[19][20]
  • Чука — градиштеод средниот век; и
  • Биба — некропола од средниот век.
Цркви[21]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 126–127.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 38. Посетено на 2 септември 2017.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-154.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 септември 2017.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  15. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  18. Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.242
  19. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  20. Евидентирани Археолошки наоѓалишта во и околу ПНП Јасен
  21. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]