Песјак (планина)
Изглед
| Песјак | |
|---|---|
Поглед на планината Песјак од селото Долно Крушје | |
| Највисока точка | |
| Надм. вис. | 1.917 м |
| Матичен врв | Јошков Камен |
| Географија | |
Песјак на карта | |
| Место | |
| Покраина | Западна Македонија |
Песјак — средновисока планина во Западна Македонија којашто претставува јужна огранка на масивот Добра Вода. Планината има меридијански правец на протегање и се наоѓа меѓу Кичевската Котлина на запад, областа Порече на исток, течението на реката Треска на југ, додека на север постепено преминува во повисоката планина Челоица. Највисок врв е Јошков Камен со височина од 1.917 м, а меѓу другите врвови се издвојуваат Старци (1.897 м), Коњарник (1.876 м) и Седлар (1.772 м). Од геоморфолошкиот состав, најизразен е карстниот релјеф.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на планината од селото Суводол
- Врвот Коњарник (1.876 м)
- Врвот Седлар (1.772 м)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Група автори (2016). „Добра Вода“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 106-107. ISBN 978-9989-110-90-0.