Јордан Јосифоски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јордан С. Јосифоски (1924 во Самоков, Порече — 20 ноември 1944 во Косово) — македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Јордан С. Јосифоски бил роден во 1924 година во селото Самоков кај Македонски Брод. По занимање бил фурнаџија. Кон НОБ се приклучил во август 1944 година и влегол во составот на Првата македонско-косовска ударна бригада. Загинат е во борбите со балистите на Косово на 20 ноември 1944 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Ристески, Милан (1982). Порече низ историјата. Скопје: Нио ,,студенски збор. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)