Црква „Св. Никола“ - Пуста Река

Координати: 41°24′47″N 21°9′27″E / 41.41306° СГШ; 21.15750° ИГД / 41.41306; 21.15750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Крушевско-демирхисарско
Парохија Втора крушевска
Местоположба

Карта

Координати 41°24′47″N 21°9′27″E / 41.41306° СГШ; 21.15750° ИГД / 41.41306; 21.15750
Место Пуста Река
Општина Крушево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1881
Живопис 1887
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Свети Никола — главна селска црква во крушевското село Пуста Река, Македонија.[1][2]

Црквата се наоѓа во самото село Пуста Река. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена во самото средиште на Пуста Река, на околу 14,5 километри северозападно од Крушево.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е подигната во 1881 година и во голем дел е зачувана во својата првобитна состојба. Била обновувана во 1932 година.[3]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Денешниот изглед на црквата е изменет, препокриена е со ќерамиди и поставени се олуци. Надворешните ѕидови на црквата се измалтарени и варосани во бела боја, така што автентичниот изглед на црквата е нарушен. Таа е ѕидана од камен и малтер. Пред влезот е подигната трпезација. Во основа, таа е еднокорабна засведена градба со правоаголна основа, со средишна полукружна апсида и две мали полукружни ниши од страните. Од надврешната страна олтарната апсида е петострана со полуобличест свод. Правоаголната основа е во внатрешноста е разбиена со две низи од по два пиластри, прилепени вдолж северниот и јужниот ѕид, поврзани со слепи лаци. Над лаците обликувана е сводна конструкција која е создадена од дрвени талпи, врз кои потоа е нанесен малтер.[3]

Во црквата се влегува од западната страна. Влезниот портал е лачно обликуван и во полукружна лунета насликан е патронот на црквата. Во горната зона на ѕидовите се наоѓаат прозорски отвори – два на јужниот и по еден на северниот, источниот и западниот ѕид.[3]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Над западниот влез има натпис од кој дознаваме дека црквата била живописана во 1887 година од страна на браќата зографи Вангел, Никола и Коста Анастасов од Крушево, кои работеле и во црквата „Св. Никола“ во село Долно Дивјаци, па го спровеле идентичниот иконографски ситем. Живописот од 1887 година е целосно сочуван и е во добра состојба.[3]

Сцените и фигурите на ѕидовите на олтарниот простор со композициите Служба на архиереите со Св. Модест, Св. Георги Палама, Св. Методија и Св. Кирил Александриски, со Богородица Ширшаја во конхата на апсидата, Визијата на Св. Петар Александриски и Жртвата на Аврам го потврдуваат вообичаениот тематски состав на декорацијата во овој дел од храмот. Репертоарот на сликаната декорација во најниската зона на наосот го сочинуваат: фигури на светители и светителки во цел раст, меѓу кои се и композициите на Св. Ѓорѓија на коњ кој ја убива ламјата, Вознесение на Св. Илија и Мачењето на Пророкот Илија.[3]

Во втората зона на јужниот и северниот ѕид се насликани сцени од циклусот Христови маки и страдања, а во третата зона сцени од циклусот Големи празници и тоа: патувањето на Тројцата халдејски Мудреци, Колежот на Витлеемските деца, Бегството во Египет и Воведението на Богородица во храм. Во четвртата зона, на јужниот и северниот полуобличест свод, се насликани низа на допојасни ликови на пророци во медалјони, а во темето на сводот се насликани сцените: Светото Тројство, Исус Христос Седржител и свети Јован Претеча. На западната фасада на црквата насликана е момументална композиција на Второто Христово Пришествие – Страшниот Суд.[3]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Олтарниот простор од наосот е одделен со висок иконостас, составен од шест престолни икони и 13 помали икони.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. „Втора крушевска парохија“. Преспанско-пелагониска епархија. Посетено на 25 декември 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 „Зборник на трудови бр. 22“ (PDF). Народен музеј - Битола. 2019. Посетено на 25 декември 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]