Врбоец
Врбоец | |
Координати 41°19′59″N 21°19′0″E / 41.33306° N; 21.31667° EКоординати: 41°19′59″N 21°19′0″E / 41.33306° N; 21.31667° E | |
Општина | Крушево |
Население | 256 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 16007 |
Врбоец — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
во XIX век селото било дел од Прилепската каза во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, Врбоец или Врбовци има 234 жители, од кои 150 Албанци, 66 Роми и 24 Македонци.[1]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Врбоец имало 250 Турци.[2]
Според пописот од 2002 година, Врбоец има 256 жители, од кои 255 Македонци и 1 останат.[3]
|
| ||||||||||||||||||||||||||||||
На табелата е прикажан преглед на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1916 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 234[1] | 250[2] | 295 | 335 | 352 | 357 | 371 | 319 | 288 | 256 |
Родовци[уреди | уреди извор]
Врбоец е македонско село, а порано живееле и албански и до скоро и влашки родови.
- Влашки родови во селото биле: Лега (1 к.) први селски доселеници, доселени се од Крушево, доселени се на купена земја во 1913 година, некое нивни роднини живеат во Крушево; Бабушка (1 к.) доселени се после Првата светска војна исто така од Крушево; Брезовци (1 к.) и они се доселени од Крушево, зборуваат влашки, меѓутоа потекнуваат од предок Македонец од демирхисарското/крушевско село Острилци; Грошаровци (1 к.) и они се дојдени од Крушево, исто така зборуваат влашки, меѓутоа и они потекнуваат од предок Македонец од денес раселеното село Барбарос.
- Македонски родови во селото се: Митревци (3 к.) доселени се во 1925 година од селото Единаковци, Во Единаковци биле доселени од раселеното село Љутоица (кое се наоѓало во близина на селото Вардино); Митановци (2 к.) доселени се во 1925 година од селото Острилци; Вардинци (5 к.) доселени се во 1925 година од селото Вардино, таму имаат роднини (Стојковци); Дивјаковци (2 к.) доселени се во 1925 година од селото Крушејани, таму имаат роднини доселени од селото Дивјаци (Горно или Долно); Анѓелевци (5 к.) доселени се во 1925 година од селото Кривогаштани, каде имаат истоимени роднини; Биринци (3 к.) доселени се во 1925 од селото Бирино, таму се викале Топаловци, подалечно потекло од некое село во Железник; Бошковци (1 к.) доселени се од Острилци; Тодоровци (2 к.) по потекло се од Пресил, од каде избегале во Кореница, па во Кривогаштани, и на крај во денешното село во 1925 година; Патлиџановци (1 к.) по потекло се од селото Сланско, од каде избегале најпрво во Крушеани, и на крај во 1925 година во денешното село; Билејца (1 к.) доселени се од селото Пуста Река во 1925 година; Кузмановци (2 к.) доселени се од селото Света; Наневци (1 к.) доселени се од Варош; Коларовци (6 к.) доселени се од Свето Митрани, подалечно потекло од селото Вишни кај Струга; Рилевци (2 к.) доселени се во 1926 година од селото Арилево; Гаќеровци (1 к.) доселени се во 1927 година од селото Свето Митрани, подалечно потекло од некое село во Железник; Бараковци (3 к.) доселени се во 1927 година од селото Бараково. Таму се викале Дуртановци; Зенговци (1 к.) доселени се во 1930 година од селото Селце, таму биле доселени од селото Стеблево; Јовевци (3 к.) доселени се од селото Бирино во 1926 година. Таму биле доселени од Алданци, каде се викале Мрснаковци; Божиновци (1 к.) доселени се во 1926 година од селото Ракитница; Нешковци (1 к.) доселени се во 1928 година од селото Кривогаштани, таму биле доселени од Рилево; Прчковци (1 к.) доселени се во 1930 година од селото Бирино; Здравевци (1 к.) по потекло се од селото Растојца, каде дошле во денешното село преку Алданци во 1934 година; Мицевци (1 к.) од селото Жван се иселиле во селото Трновци, па од таму во Врбоец се доселиле во 1935 година; Николовци (1 к.) доселени се во 1932 година од селото Горно Дивјаци.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1196 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 202 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 245.
- ↑ 2,0 2,1 Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 267.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|