Прејди на содржината

Трстеник (Крушевско)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Црквата „Св. Василиј“ во месноста Трстеник

Трстеник
Трстеник во рамките на Македонија
Трстеник
Местоположба на Трстеник во Македонија
Трстеник на карта

Карта

Координати 41°20′51″N 21°17′12″E / 41.34750°N 21.28667°E / 41.34750; 21.28667
РегионПелагониски
ОпштинаКрушево
Населениенема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис.680 м
Трстеник на општинската карта

Атарот на Трстеник во рамките на општината
Трстеник на Ризницата

Трстеник — некогашно влашко село во близината на Крушево.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало непосредно јужно од градот Крушево.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото ѝ припаѓало на Битолската каза. Според Стојан Романски, Трстеник бил основан на Власи, преселени од Москополе (Албанија) и некои села во Епир. Главно занимање на населението било калајџиството.[2]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Трстеник (Trasténik) имал 65 домаќинства и 65 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Трстеник имал 95 жители, сите Власи христијани.[5] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Трстеник се води како чисто влашко село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 8 куќи.[6] Подоцна жителите на селото се иселиле, претежно во Крушево и Прилеп.[2]

Почнувајќи од 1995 г. во месноста Трстеник е изградена црквата „Св. Василиј Велики“, која е осветена во 2008 г.[7][8] Изградена е врз темелите на старата селска црква.[9].

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 1 2 Романски, Стоян. Македонските ромъни, Македонски преглед, година I, 1925, кн. 5 и 6, с. 85.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 74 - 75.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 240.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 18.
  7. „Welcome to Krusevo“. Архивирано од изворникот на 2009-09-30. Посетено на 2017-12-15.
  8. Преспанско-пелагониска епархија
  9. „Цркви во Крушево“. Визит Крушево. Посетено на 2010-09-09.[мртва врска]