Свето Митрани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свето Митрани
Свето Митрани is located in Македонија
Свето Митрани
Местоположба на Свето Митрани во Македонија
Координати 41°19′17″N 21°18′18″E / 41.32139° СГШ; 21.30500° ИГД / 41.32139; 21.30500Координати: 41°19′17″N 21°18′18″E / 41.32139° СГШ; 21.30500° ИГД / 41.32139; 21.30500
Општина Општина Крушево
Население 434 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7524
Свето Митрани на општинската карта
Свето Митрани во Општина Крушево.svg

Атарот на Свето Митрани во рамките на општината

Свето Митрани е село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.



Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е оддалечено 13 километри југоисточно од Крушево и 22 километри западно од Прилеп.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Свети Димитри и имало 57 семејства, 3 неженети и 4 вдовици, сите христијани.[1]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Светомитрени живееле 200 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Свети Митрени имало 232 Македонци, од кои 168 егзархисти и 64 патријаршисти.[3]

Според пописот од 2002 год. во Свето Митрани живееле 434 жители, од кои 433 Македонци и 1 останат.[4]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години: [5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 200[2] 232[3] 459 543 575 594 614 476 408 434

Родови[уреди | уреди извор]

Свето Митрани е македонско село.

Родови во селото се: Коларовци (21 к.) доселени се од селото Вишни кај Струга или Дебар (сепак најверојатно струшко, тоа е единстево село со такво име во Македонија). Таму од некоја болест изумреле сите жители, освен една жена со дете. Она со детето се доселила во втората половина на 18ти век, најпрво во селото Врбоец. Родот Коларовци се намножил од споменатото дете; Зуљамовци (11 к.) гранка се од родот Коларовци; Бакардиновци (6 к.) доселени се од денес албанското село Горно Житоше; Тотевци (4 к.) доселени се од некое село во тетовско; Пусовци (5 к.) доселени се од селото Бела Црква, таму им се род Станковци; Тинтовци (8 к.) ова е стар доселенички род со непознато потекло; Гаќерковци (2 к.) доселени се од некое село во Железник; Музевци (3 к.) доселени се однекаде; Калевци (1 к.) доселени се во 1905 година од селото Горно Дивјаци, а таму се доселени од Галичник. Во Горно Дивјаци имаат истоимени роднини, ја знаат следната генеологија Коста (жив на 82 год. во 1950тите) Трајко-Кале, кој се доселил од Галичник; Галевци (1 к.) доселени се од селото Пресил, а таму се доселени од Врбјани.[6]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[7]
  • Манастириште - населба и некропола од доцноантичко време;
  • Раичеица - населба и некропола од раноантичко и хеленистичко време;

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.68
  2. 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.245.
  3. 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.150-151.
  4. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. 
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 
  7. Коцо, Димче(1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9

Надворешни врски[уреди | уреди извор]