Острилци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Острилци
Острилци is located in Македонија
Острилци
Местоположба на Острилци во Македонија
Координати 41°20′3″N 21°14′13″E / 41.33417° СГШ; 21.23694° ИГД / 41.33417; 21.23694Координати: 41°20′3″N 21°14′13″E / 41.33417° СГШ; 21.23694° ИГД / 41.33417; 21.23694
Општина Општина Крушево
Население 32 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1050 м

Острилци е село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Острилци е село во Општина Крушево. Од градот Крушево е одалечено 12км југозападно. Соседни села на Острилци се: Бирино од југоисток, Журче од југ, Растојца од запад, и градот Крушево, Долно Дивјаци и Арилево од север.

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото е дел од Битолската каза во Отоманската Империја.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К'нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Острилци имало 300 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Острилци имало 216 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Острилци живеат 32 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан преглед на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 300[1] 216[2] 330 327 230 137 76 47 42 32

Родови[уреди | уреди извор]

Острилци е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Староседелци и доселеници од непознато потекло: Трајчевци (14 к.), Белевци (3 к.), Беговци (7 к.), Стојчевци (1 к.), Момировци (2 к.) и Илијовци (14 к.)
  • Доселеници со познато потекло: Караџовци или Петревци (6 к.) доселени се од селото Сошани, Дебарца. Во Сошани им биле роднини, истоимениот род, во Острилци се доселил домазет. Ја знаат следната генеологија Крсте (жив на 80 год. во 1952 година) Богоја-Кочо, предокот кој се доселил.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Цркви

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[6]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  3. "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 28 јули 2016. 
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. . Архив МАНУ Фонд „Бранислав Русиќ“ АЕ 97/1г „Железник“ Острилци. 
  6. Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9

Надворешни врски[уреди | уреди извор]