Кореница
Кореница — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во Општина Кривогаштани. Селото е рамничарско и се наоѓа во Пелагонија. Селото е неколку километри оддалечено од Крушево.
Историја[уреди | уреди извор]
На крајот на XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 105 жители христијани Македонци.[1] Според податоците на бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото имало 104 христијани Македонци.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кореница живееле 105 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кореница имало 104 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Кореница живеат 62 жители, сите Македонци.[4]
|
| ||||||||||||||||||||||||||||||
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 105[2] | 104[3] | 187 | 204 | 212 | 181 | 142 | 95 | 87 | 62 |
Родови[уреди | уреди извор]
Кореница е македонско село.
Родови во селото се:
- Староседелци: Костадиновци (6 к.), Зуламовци (1 к.) и Шамаковци (1 к.)
- Доселеници: Бурневци (11 к.) доселени се во турско време од селото Локвени, таму живееле 70 години, право потекло им е од селото Велмевци во Железник; Звездаковци (4 к.) доселени се од селото Загорани, таму имаат истоимени роднини; Колевци (4 к.) доселени се од селото Годивле, таму им се род Филиповци.[6]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1509 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова изборно место е опфатено и селото Расино.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 42 гласачи.[8]
Религија и култура[уреди | уреди извор]
- Цркви[9]
- Црква „Св. Никола“ - главната селска црква, изградена во 1859 година, врз темели на постара црква;
- Археолошки наоѓалишта[10]
- Спорт
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.
Наумовци иселени се во селото Турско. Од родот Шамаковци има иселеници во Средорек, Крушево и во Белград.[6]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.237.
- ↑ 2,0 2,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.237.
- ↑ 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.166-167.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 6,0 6,1 „36 Битољско-прилепска котлина, Ј. Трифуноски.pdf“. Google Docs. Посетено на 2019-01-02.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Кореница на Карти на Google
|