Мирче Ацев (село)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мирче Ацев
Мирче Ацев is located in Македонија
Мирче Ацев
Местоположба на Мирче Ацев во Македонија
Координати 41°19′8″N 21°25′23″E / 41.31889° N; 21.42306° E / 41.31889; 21.42306Координати: 41°19′8″N 21°25′23″E / 41.31889° N; 21.42306° E / 41.31889; 21.42306
Регион Прилепско Поле
Општина Coat of arms of Krivogaštani Municipality.svg Кривогаштани
Население 0 жит.
(поп. 2002)
Мирче Ацев на општинската карта
Krivogaštani Municipality.svg

Атарот на Мирче Ацев во рамките на општината


Мирче Ацев — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.

Историја[уреди | уреди извор]

Поранешното име на селото е Петрово. Тоа е колонистичка населба формирана од православни Срби доселени во 1922 година од Далмација.[1] До почетокот на Втората светска војна селото нараснало на 28 домаќинства, а имало и свое училиште. Во 1941 година бугарскиот окупатор ги иселил жителите во Србија, а на нивно место доселил жители од Локвица, Порече и од околината на Струга.[1] По завршувањето на војната само две семејства се вратиле од Србија.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото било рамничарско и во близина се селата Врбјани, Кадино Село, Боротино и Славеј.

Демографија[уреди | уреди извор]

Селото е раселено и според пописот од 2002 година нема жители.[2]

На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[3]

Година 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 163 151 126 44 / / / /

Родови[уреди | уреди извор]

Родови во селото биле: Шоргиќи (1 к.) и Станисављевиќи (1 к.) Срби. Доселени од Далмација; Локвичанци (20 к.) и Стружанци (6 к.) Македонци. Првите се од селото Локвица во Порече, а вторите од струшко.[4]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 1519 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Славеј.[5]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 309 гласачи.[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности. стр. 347.
  2. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  4. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности.
  5. "Описи на ИМ". Посетено на 3 ноември 2019.
  6. "Претседателски избори 2019". Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]