Загорани
Загорани — село во Општина Прилеп, во областа Пелагонија, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Загорани се наоѓа во Прилепско Поле, во областа Пелагонија, оддалечено 17 километри југозападно од градот Прилеп, во близина на делницата Битола-Скопје. Селото се наоѓа на граница меѓу возвишението Шипковица на југоисток и низински дел на северозапад. Околни населби се Веселчани, Чепигово, Тројкрсти и др. Куќите се групирани во три маала: Горно, Црквенско и Долно.
Историја[уреди | уреди извор]
Подрчајето на Загорани е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Тумба на височинка недалеку од селото.[1]
Не се знае точно кога е формирано денешното село Загорани. За најстар род во селото се сметаат Мицковци кои се делат на: Дамчевци, Митковци, Гугутковци и Станковци.[2] За време на турското ропство половина од атарот со најдобра земја била чифлишка. Сопственици биле: Мустафа-бег од Битола, Ариф Афуз, Чатал и Имер Манче од Прилеп, Јашар и Салија од Трновци.[2] Другата половина од земјата припаѓала на жителите. По 1912 година жителите ја откупиле чифликсајбиската земја, а некои ја добиле со аграрната реформа.[2]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Загорани живееле 200 жители, сите Македонци.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Загорани имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според пописот од 2002 година селото Загорани брои 108 жители, сите Македонци.[5]
|
| ||||||||||||||||||||||||||||||
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[6]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 200[3] | 144[4] | 445 | 480 | 546 | 455 | 394 | 269 | 190 | 108 |
Родови[уреди | уреди извор]
Загорани е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.
Родови во Загорани се:
- Староседелци: Мицковци (24 куќи) се делат на Дамчевци, Митковци, Гугутковци и Станковци. старото презиме им е Славковци по најстариот познат предок. Го знаат следното родословие: Блаже (жив на 65 г. во 1951 година) Тасе-Стојан-Васил-Мицко-Славко.
- Доселеници: Јанчевци (6 куќи) потеклото им е од селото Тополчани, а некое време живееле и во Канатларци и Веселчани, во Тополчани им се род Коруновци и Трпковци; Ризовци (6 куќи) доселени се од Тополчани; Филиповци (5 куќи) потекнуваат од домазет кој дошол однекаде, и влегол во родот Мицковци; Брсјаковци (2 куќи) доселени се од некое село во Железник; Бозовци (6 куќи) доселени се од Боротино, пред тоа живееле и на други места; Јанкуловци (2 куќи) доселени се во 1903 година од селото Врбјани, таму се викале Божиновци, и имаат роднини доселени од Кореница; Ѕвездаковци (2 куќи) доселени се однекаде; Ѓоковци (5 куќи) доселени се однекаде за време турско.[2]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1502 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 99 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Црква „Св. Никола“ од 1882 г.[9]
- Манастири
- Загорански манастир („Св. Никола“)[10]
- Археолошки наоѓалишта[1]
- Кај Чешмата — монета хеленистичко време
- Попоица — населба од доцноантичко време
- Тумба — населба од неолитско време
- Црква Латинска — осамени наоди од римско време и средновековна црква
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.
Пилковци, Кадинци и Дамевци иселени се во Пашино Рувци. Ѕвездаковци иселени се во Кореница. Лозановци иселени се во Бучин. Мицковци иселени се во Кадино Село. Џанговци и Брсјаковци иселени се во Боротино.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 300. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности.
- ↑ 3,0 3,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 245.
- ↑ 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 150-151.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Црква „Свети Никола", село Загорани“. Old Prilep. Посетено на 29 декември 2021.
- ↑ „Манастир „Свети Никола", село Загорани“. Old Prilep. Посетено на 19 мај 2022.