Лопатица (Прилепско)
Лопатица — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во средишниот дел на Пелагонија, оддалечено 33 километри јужно од Прилеп. Источно од селото се издига Селечка Планина.
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лопатица живееле 210 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лопатица имало 200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година, селото Лопатица брои 41 жител, сите Македонци[4]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Лопатица има 19 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 18 |
Албанци | 1 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 0 |
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 210[2] | 200[3] | 316 | 358 | 410 | 417 | 194 | 115 | 80 | 41 |
Родови[уреди | уреди извор]
Лопатица е македонско село.
Според истражувањата од 1955 година, родови во селото:
- Доселеници: Шијаковци (4 к.) тие се најстариот род во селото, коишто го заселиле селото; Поповци (9 к.) однекаде доселени; Грујовци (6 к.) доселени се од Кракоперци, тоа било мало село во близина на селото Шелеверци. Некој паша во Кракоперци земал во војска двајца Македонци, и поради тоа паднала крв, потоа избегале во Охридско, каде некое време живееле, па потоа прешле во селото Мојно, потоа во Ерековци, и на крај во денешното село, го знаат следното родословие: Алексо (жив на 50 г. во 1955 година) Стојан-Здраве-Грујо-Јосиф, основачот на родот; Степановци (8 к.) доселени се од селото Пателе кај Лерин во Егејска Македонија (денес во Грција), се населил Стојан, се знае следното родословие: Атанас (жив на 80 г. во 1950-тите) Степан-Стојан, основачот на родот кој се доселил; Аџиовци (13 к.) доселени се од мариовското село Градешница, го знаат следното родословие: Гроздан (жив на 50 г. во 1955 година) Петко-Гроздан-Јове, основачот на родот кој се доселил; Колевци (3 к.) доселени се од мариовското село Рожден; Тресиглаовци (2 к.) доселени се од мариовското село Крушевица.[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1499 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Неделска Вода — осамен наод од старохристијанско време;[10]
- Црвеница — населба од непознат период;
- Темна Пештера — светилиште од непознат период;
- Коњарникот — населба од непознат период;
- Кукулаица — населба од непознат период;
- Кале — населба од непознат период;
- Дрмите — населба од непознат период;
- Селска Црква — осамен наод од античко време;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Роза Костеска (р. 1967) - македонска поетеса;
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 237.
- ↑ 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „ТЕМНА ПЕШТЕРА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО – ПРЕСТОЈУВАЛИШТЕ НА ДРЕВНИ ЖИТЕЛИ СО КУЛТНА СИМБОЛИКА
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 303. ISBN 9989649286.