Градешница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Градешница
Градешница 04.JPG

Глетка на селото Градешница

Градешница се наоѓа во Republic of Macedonia
Градешница
Местоположба на Градешница во Македонија
Координати 41°05′06″ СГШ 21°45′47″ ИГД / 
Регион Мариово
Општина Општина Новаци
Население 89 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 800 м
Commons-logo.svg Градешница на Ризницата

Градешница — едно од најпознатите села во Мариово, во составот на Општина Новаци, во околината на градот Битола. Познато е како родно место на ликот Итар Пејо од народните приказни.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Градешница се наоѓа во крајниот источен дел на Општина Новаци (до 2004 под Општина Старавина). Селскиот атар на едната страна се допира до подрачјето на Општина Прилеп, а на другата страна со државната граница со Грција. Градешница е ридско село и лежи на надморска височина 800 метри. Интересно е да се спомене дека поради слабото инвестирање (една од причините за катастрофалната загуба на населението) во инфраструктурата Градешница е најодалечено од градот Битола (до 1996 година општински центар) со дури 53 километри!

Низ селото тече Градешничка Река, која извира на планината Ниџе.[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Градешница во почетокот на XX век

Градешница своето име го добила по тоа што порано во однос на другите мариовски села била најнапредна и личела на град. Во селото има седум цркви, од која најголема е црквата "Св. Никола" која е изградена во 1862 година, но била урната и возобновена во 1918 година.

Демографски статистики за селото Градешница во османлискиот период:[2]

Османслиски дефтери Домаќинства Неженени Вдовици Годишен приход
Дефтер № 4 от 1476/77 г. 100 9 11 12092
Дефтер № 16 от 1481/82 г. 109
Дефтер № 73 от 1519 г. 147 10 10 8414
Дефтер № 149 от 1528/29 г. 141 20 6 7848
Дефтер № 232 от 1544/45 г. 33 7 4070

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Градешница како едно од најбогатите (во секаква смисла) македонски села, е типичен пример за уништувањето на македонските села во втората половина на XX век. За пример ќе го наведеме бројот на жители во 1961 година кој бил 1.019 жители, за денес да опадне на само 115 жители. Од етнички аспект од секогаш Градешница била населена исклучиво со Македонци (немало колонизирани српски семејства по 1913 година). Како и цело Мариово, Градешница била позната по извонредно високиот наталитет (стапка на раѓање) па дури до педесетитие години на XX век биле забележани неколку куќи (домаќинства) со по дури 20 деца (нормално овде се мисли на двајца браќа што живееле во иста куќа итн.)

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Градешница живееле 602 жители, од кои 1.080 Македонци, 80 Власи и 10 Роми.[3]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Градешница имало 1.200 Македонци, патријрашисти.[4]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 89 жители, сите Македонци.

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 1.170[3] 1.200[4] 1.013 1.085 1.019 770 687 157 115 89

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[5]

Најголема е црквата „Св. Никола“, пред чиј влез се наоѓа убава чешма. Црквата била урната за време на Првата светска војна, а била обновена во 1923 година. За тоа сведочи таблата поставена на левата страна на црквата на која пишува дека била обновена за време на владеењето на кралот Александар Караѓорѓевиќ.[6]

Археолошки локалитети[7]
  • Кале - населба од хеленистичко, римско и доцноантичко време;
  • Маркоица - некроола од римско време;
  • Вакафско Место - некрополола од хеленистичко време;

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Итар Пејо — познат лик од македонските народни приказни препознатлив по својата итрина и мудрост.[8]

Галерија[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Александар Матески, „Градешница и Будимирци“, Економија и бизнис, година 18, број 220, октомври 2016, стр. 106-107.
  2. Шаблон:Цитат уеб
  3. 3,0 3,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 247.
  4. 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 148-149.
  5. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  6. Александар Матески, „Градешница и Будимирци“, Економија и бизнис, година 18, број 220, октомври 2016, стр. 106-107.
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  8. Александар Матески, „Градешница и Будимирци“, Економија и бизнис, година 18, број 220, октомври 2016, стр. 106-107.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]