Црква „Св. Ѓорѓи“ - Градешница

Координати: 41°04′59.2″N 21°46′03.2″E / 41.083111° СГШ; 21.767556° ИГД / 41.083111; 21.767556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Старавинска
Местоположба

Карта

Координати 41°04′59.2″N 21°46′03.2″E / 41.083111° СГШ; 21.767556° ИГД / 41.083111; 21.767556
Место Градешница
Општина Новаци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Георги
Архитектонски опис

Свети Ѓорѓи – гробјанска црква во селото Градешница.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во источниот дел од селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Бранислав Ристески од Институтот за старословенска култура во Прилеп во склоп на опсежни археолошки истражувања во периодот од 1990 до 1998 година открил дека на местото на коешто се наоѓаат денешните цркви „Св. Антониј“, „Св. Ѓорѓи“ и „Св. Спас“ од средината на II до крајот на III век постоел комплекс на римски вили. Местото на коешто денес се наоѓа црквата „Св. Ѓорѓи“ постоеле простории наменети за престој и производство.[1] Од керамиката украсена со спирали којашто е вградена во фасадата на црквата се заклучува дека во селото Градешница има континуитет на живеење од праисториско време.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е со правоаголна основа без апсида. Влезот се наоѓа на западната страна и во црквата се влегува преку дрвена врата. Десно од влезната врата, во самиот ѕид е вградена керамика којашто е украсена со спирали. Внатрешноста на црквата не е зографисана и во неа се наоѓаат бројни икони. Објектот е изграден од камен и од тули, а покриен е со кров од ќерамиди.

Во дворот на црквата има помошен објект и гробишта.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Св. Ѓорѓи, с. Градешница (Church St. Gjorgi, v. Gradesnica) Архивирано на 18 октомври 2021 г.“. Итар Пејо.
  2. Градешница[мртва врска]. Мој Роден Крај.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]