Црква „Св. Илија“ - Градешница
Изглед
Свети Илија | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Старавинска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°05′25.9″N 21°46′19.7″E / 41.090528°N 21.772139°E |
| Место | Градешница |
| Општина | Новаци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Илија |
| Архитектонски опис | |
Свети Илија – манастирска црква на Бренскиот манастир.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со застаклен дрворез, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со празна застаклена дрвена рамка. Објектот е изграден од варовник и во целост е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата не е зографисана, со исклучок на иконостасот којшто наместо икони содржи фрески. На ѕидовите во храмот се закачени бројни икони. Во црквата има и мермерна плоча на којашто е запишан датумот на изградба и осветување на манастирскиот конак.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Главниот влез на црквата
- Нишата со дрворез над главниот влез
- Споредниот влез
- Апсидата
- Мермерната плоча во црквата
- Внатрешноста на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Бренски манастир
- Црква „Св. Димитриј“ - Градешница
- Црква „Вознесение Христово“ - Градешница
- Црква „Св. Атанасиј“ - Градешница
- Црква „Св. Никола“ - Градешница
- Црква „Св. Антониј“ - Градешница
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Градешница
- Градешница
- Преспанско-пелагониска епархија
- Битолско архијерејско намесништво
- Старавинска парохија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 15. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Илија“ - Градешница на Ризницата ?


