Бренски манастир
![]() Поглед на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Бренски манастир |
Други имиња | Манастир „Свети Илија“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Свети Илија |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | Црква „Св. Илија“ |
Личности | |
Место | |
Место | во близина на Градешница, Општина Новаци ![]() |
Координати | 41°05′26″N 21°46′20″E / 41.09056° СГШ; 21.77222° ИГДКоординати: 41°05′26″N 21°46′20″E / 41.09056° СГШ; 21.77222° ИГД |
Видливи остатоци | една црква, конак, чешма, помошен објект, трпезарии |
Отворен за јавност | да |
Други информации | (Старавинска парохија) |
Бренски манастир — манастир во јужниот дел на Македонија, на северозападните падини на планината Ниџе, во месноста Брен во близина на селото Градешница.[1]
Градби[уреди | уреди извор]
Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма, помошен објект и трпезарии.
Конак[уреди | уреди извор]
Конакот на црквата бил изграден и осветен на 1 август 2000 година.
Чешма[уреди | уреди извор]
Манастирската чешма била изградена во 1919 година, а била обновена во 1990 година. На нејзино место се наоѓа извор којшто е познат по бистрата и лековита вода. Во врска со изворот се поврзани две верувања кај месното население. Според првото, водата од Брен не се носи дома. Според второто, со водата од изворот се снабдувала тврдината Пешта. Ова сознание го имале мештаните, но не и отоманските власти кои долго време не можеле да ја освојат тврдината, а тоа им успеало дури по откривањето на подземните канали преку кои тврдината се снабдувала со вода.[2][3]
Црква „Свети Илија“[уреди | уреди извор]
Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Внатрешноста на црквата не е зографисана, со исклучок на иконостасот којшто наместо икони содржи фрески.
Настани[уреди | уреди извор]
Во чест на благденот Илинден, на 1 и 2 август секоја година манастирот го посетуваат неколку илјади гости од целата област Мариово.[4]
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Манастирската црква
-
Чешмата
-
Трпезариите
-
Трпезарија
-
Дворот на манастирот
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 15. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Извор – Манастир Св. Илија (Брен) во близина на с. Градешница“. Итар Пејо.
- ↑ „Манастир „Свети Илија“ – Брен, село Градешница“. Rural Adventure.
- ↑ „Градешница“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Бренски манастир на Ризницата ?