Брник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Брник
Брник се наоѓа во Republic of Macedonia
Брник
Местоположба на Брник во Македонија
Координати 41°04′54″ СГШ 21°38′26″ ИГД / 
Регион Мариово
Општина Општина Новаци
Население 2 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 713 м
Commons-logo.svg Брник на Ризницата

Брник е село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Брник се наоѓа на четиринаесетина километри источно од Битола, сместено во источните ограноци на Селечка Планина. До селото се стигнува по патот за село Новаци, преку селата Маково и Рапеш. Десно од тој пат по стрмна кривулеста шумска патека и по околу изминати четири километри. Оддалеченоста од сообраќајните комуникации и скриеноста во планински предел имале пресуден одраз во историскиот развиток на селото, така што и историографските податоци се оскудни. Вода за пиење добиваа од една единствена чешма градена 1924-та година и два-три кладенци кои во сушните периоди пресушуваат, нема струја, пат-патеки или некоја градба што би наликувала на денешните посовремени куќи. Таму се добива впечаток како да е средновековие, како да застанало времето на историјата. Меѓутоа, селото Брник има и свои убавини: здрава и еколошка и чиста околина, планински чист воздух, пространи тревнати пасишта (за жал целосно неискористени), дабова шума со разновидни шумски плодови, печурки и погодни услови за лов на диви животни. Брничката Река е чиста и еколошки незагадена, а живописната долина го надополнува пејсажот со Брничкиот водопад, реткост во овие краишта. Неговата убавина и атрактивност е и во тоа што се наоѓа во мошне живописна околина во кањонот на Брничка Река. Водата на водопадот слободно паѓа од 18 метри височина и целокупниот амбиент на мир и спокојство го надополнува романтичното доживување при престојот во Брник..

Историja[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Брник живееле 196 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Брник имало 296 Македонци, егзархисти.[2]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002, селото брои само 2 жители - Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 196[1] 296[2] 365 228 215 122 30 9 8 2

Личности[уреди | уреди извор]

Трајко Кралев Митрев(викан Трајко Крало) од Брник, роден 1874 или 75г.Прво бил комита во четата на Дедо Кољо Добровенски,а потоа кај Крсте Гермов-Шакир. Во 1904 е реонски војвода во Мариово. Грчките андарти му ја убиваат фамилијата и уште 15 жители на с.Брник Убиен е 1911г.на пат за горноџумајско.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Шаблон:МЕС
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]