Прејди на содржината

Црква „Св. Димитриј“ - Брник

Координати: 41°04′58.4″N 21°38′22.5″E / 41.082889° СГШ; 21.639583° ИГД / 41.082889; 21.639583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Димитриј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Старавинска
Местоположба

Карта

Координати 41°04′58.4″N 21°38′22.5″E / 41.082889° СГШ; 21.639583° ИГД / 41.082889; 21.639583
Место Брник
Општина Новаци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитрија Солунски
Завршено 1887
Живопис 1927
Зограф Митр Трпковиќ, Трпко Трпковиќ, Ристе Трпковиќм, Косто Николиќ
Архитектонски опис

Свети Димитриј – главна селска црква во селото Брник.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во северниот дел од селото.

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1887, што е забележано на влезната врата. Од записот на српски јазик во внатрешниот дел од рамката на нишата над влезната врата се забележува дека црквата била зографисана од Митре Трпковиќ со синовите Трпко и Ристе, како и Косто Никлиќ од селото Лазарополе во 1927 година. Храмот бил обновен во 2002 година и денес е добро сочуван.[1]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. Објектот има димензии од околу 12 × 7 м и е висок околу 5-6 м.[2] Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е претставен Свети Димитрија Солунски. На рамката од нишата од внатрешната страна се забележува натпис на српски јазик во врска со зографисувањето на храмот, а над нишата има натпис на којшто е забележана годината на изградба. Црквата има и спореден влез којшто е сместен на јужната страна, а над него има празна ниша. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.

Во дворот на црквата се сместени селските гробишта.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Брник Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
  2. Св. Димитриј, с. Брник Архивирано на 19 ноември 2021 г.“. Итар Пејо.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]