Новаци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Новаци
Новаци is located in Свет
Новаци
Новаци (Свет)
Координати 41°2′30″N 21°27′21″E / 41.04167°СГШ 21.45583°ИГД / 41.04167; 21.45583Координати: 41°2′30″N 21°27′21″E / 41.04167°СГШ 21.45583°ИГД / 41.04167; 21.45583
Регион Битолско Поле
Општина Општина Новаци
Население 1.283 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7211
Надм. вис. 576 м
Слава Св. Атанасиј Летен
Мреж. место Новаци

Новаци — едно од најголемите села во Битолско и Битолското Поле. Селото се наоѓа во средишниот дел на подрачјето и претставува седиште на истоимената општина. Лежи на патот што води од Битола преку Селечка Планина за битолскиот дел на Мариово.


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Новаци е рамничарско село и лежи на надморска височина од 576 метри, а од градот Битола е оддалечено 11 километри. Селото има карактеристична полјоделска функција, поради тоа што неговото население се занимава главно со земјоделие (одгледување жито). Во близина на Новаци се наоѓа најголемата Македонска термо-електрана РЕК Битола и фабриката ФОД Новаци па еден дел од населението е вработено и во овие идустриски капацитети. Во Новаци работат осумгодишно училиште, ветеринарна станица, земјоделска задруга, пошта и амбуланта-ПЗУ Др Даскал (телефон: ++38947282070)

Историja[уреди | уреди извор]

Според кажувањата на постарите новачани, на сегашната територија на Новаци многу години на назад се простирала огромна бара, при што тој дел не бил воопшто населен. Со повлекувањето на водата од барата тука се појавила плодна почва при што голем број луѓе почнале да се доселуваат во овој дел. Името Новаци доаѓа од првиот жител на оваа територија Новак, кој со својата фамилија се доселил на тие простори. Црквата „Св. Атанасиј“ потекнува од 1868 година.[1]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Новаци живееле 450 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ноаци имало 440 Македонци, егзархисти.[3]

Новаци е село со позитивен популациски биланс (зголемување на бројот на жителите) и брои 1 283 жители, сите Македонци.[4]

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години: [5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 450[2] 440[3] 629 806 1.048 1.207 1.405 1.404 1.279 1.283

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Противпожарна станица, Полициска станица, Амбуланта, Пошта, Основно училиште.

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[6]

Во февруари 2015 година, за време на големата поплава предизвикана од излевањето на Црна Река, црквата посветена на Пресвета Богородица била поплавена при што биле уништени фреските.[7]

Археолошки локалитети[8]
  • Тумба — населба од бронзено време;

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

ФК Новаци, оформен 1956 година. Долг период игра во 2 МФЛ (Втора Македонска Фудбалска Лига). Во 2006 година клубот испаѓа во 3 МФЛ (Трета Македонска фудбалска Лига) и само по две сезони (2008 год.) Новаци успева да ја продолжи традицијата и повторно се враќа во 2 МФЛ.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Шаблон:Цитат уеб
  2. 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.237
  3. 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.166-167.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  7. „Црна го потопи и храмот „Пресвета Богородица“ во Пелагонија“, Дневник, година XIX, број 5685, петок, 6 февруари 2015, стр. 17.
  8. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]