Новачки манастир
Дворот на манастирот | |
| Информации | |
|---|---|
| Целосно име | Новачки манастир |
| Други имиња | Манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ |
| Манастир на: | МПЦ - ОА |
| Посветен на | Рождество на Пресвета Богородица |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Цркви | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ |
| Личности | |
| Место | |
| Место | Новаци, Општина Новаци |
| Координати | 41°02′42″N 21°26′19″E / 41.04500°N 21.43861°E |
| Видливи остатоци | една црква, конак, помошни објекти |
| Отворен за јавноста | да |
| Други информации | (Новачка парохија) |
Новачки манастир — манастир во јужниот дел на Македонија, во близина на селото Новаци.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Манастирот се наоѓа на левиот брег на Црна Река, непосредно откако од десната страна ја прима реката Драгор. Од селото Новаци е оддалечен околу 1 км.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Манастирот бил подигнат со изградбата на манастирската црква во 2006 година.[2] Осветувањето на црквата било извршено на 13 јуни 2009 година, на празникот Педесетница, од страна на Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар во сослужение со Епископот Хераклејски г. Климент, кога и бил поставен камен-темелник за изградба на конакот.[3]
Градби
[уреди | уреди извор]Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак и помошни објекти.
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата претставува монументален крстокуполен храм со осум куполи покриени со бакарни плочи.[2] Влезот се наоѓа на западната страна и над него има ниша со полукружен мозаик на којшто е претстсавена Богородица со Исус.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Манастирската црква
- Влезната порта од дворот на манастирот
- Помошен објект
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 13. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 „Новаци Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
- ↑ „Осветен нов манастирски храм посветен на Пресвета Богородица во с. Новаци“. МПЦ. 13 јуни 2009.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Новачки манастир на Ризницата ?