ОУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци
Славко Лумбарковски | |
|---|---|
Поглед на централното основно училиште „Славко Лумбарковски“ | |
| Место | |
| Општина: | Општина Новаци |
| Наречено по: | Славко Лумбарковски |
| Нас. место: | Новаци |
| Адреса: | с. Новаци |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 1933 |
| Број на ученици: | 154 (2021/2022) |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
Основно училиште „Славко Лумбарковски“ (официјално: Општинско основно училиште „Славко Лумбарковски“ - Новаци; скратено: ООУ „Славко Лумбарковски“) — централно основно училиште во битолското село Новаци, Општина Новаци.[1]
Училиштето е именувано по македонскиот народен борец Славко Лумбарковски.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Училиштето се наоѓа во западниот дел од селото, во непосредна близина на црквата „Св. Атанасиј“.
Објект
[уреди | уреди извор]Стариот објект на училиштето бил изграден во 1933 година, додека новиот објект во 1993 година. Новиот објект е на два ката и зафаќа површина од 900 м2.[2]
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.[3] Наставата се изведува во една смена.[2]
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во склоп на училиштето се следните подрачни училишта:
- ПУ „Славко Лумбарковски“ - Бач;
- ПУ „Славко Лумбарковски“ - Добромири;
- ПУ „Славко Лумбарковски“ - Агларци;
- ПУ „Славко Лумбарковски“ - Далбеговци;
- ПУ „Славко Лумбарковски“ - Рибарци;
- ПУ „Славко Лумбарковски“ - Рапеш;
- ПУ „Славко Лумбарковски“ - Гермијан; и
- ПУ „Славко Лумбарковски“ - Живојно.
Од нив, единствено во подрачното училиште во Бач се одвива настава од прво до деветто одделение, додека во останатите настава од прво до петто одделение.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Влезот на училиштето
- Стариот објект
- Игралиште во дворот на училиштето
- Споменик на Славко Лумбарковски во дворот на училиштето
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-14.
- 1 2 „Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци за учебната 2021/2022 година“. стр. 8.
- 1 2 „Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци за учебната 2021/2022 година“. стр. 7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
ОУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци на Ризницата ?

