Трап

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Трап е село во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Трап
Трап is located in Македонија
Трап
Местоположба на Трап во Македонија
Координати 41°7′56″N 21°28′11″E / 41.13222° СГШ; 21.46972° ИГД / 41.13222; 21.46972Координати: 41°7′56″N 21°28′11″E / 41.13222° СГШ; 21.46972° ИГД / 41.13222; 21.46972
Општина Општина Могила
Население 175 жит.
(поп. 2002)
Трап на општинската карта
Трап во Општина Могила.svg

Атарот на Трап во рамките на општината
Commons-logo.svg Трап на Ризницата
Улица во селото

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Трап е населено место на околу 20 km северо-источно од Битола во средишниот дел на Пелагонија.


Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Најзастапени индустриски гранки во Трап се главно земјоделството и сточарството. Најзастапени земјоделски култури се пченицата, јачменот и тутунот. Од сточарството најразвиени се говедарството и овчарството. Кравите и овците се одгледуваат првенствено заради млекото кое за повеќе фамилии во селото е извор на економски опстанок.


Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Трап живееле 206 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Трап имало 448 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Трап живеат 175 жители, од кои 174 Македонци и 1 останат.[3]

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 206[1] 200[2] 286 309 316 282 261 240 176 175

Родови[уреди | уреди извор]

Трап е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.

Староседелски родови во селото се: Пецаковци (10 куќи) кои во 1903 година имале задруга од 30 членови. Ја знаат следната генеологија Тодор (жив на 80 год. во 1951 година) Петре-Ѓоре-Пецо понатамошните предци не ги знаат. Пецо имал брат Лазар, од Лазар се Лазаровци; Лазаровци (3 куќи), Пералевци (3 куќи), Чичовци (1 куќа), Велевци (1 куќа) и Шубаровци (2 куќи). Лазаровци се деленици од Пецаковци.

Доселенички родови: Почнувајќи од 1934 година се доселиле следните родови: Несторовци (4 куќи) доселени се од селото Горна Горица, Мала Преспа; Илијовци (2 куќи), Наумовци (2 куќи), Тасевци (4 куќи), Нанчовци (1 куќа) и Митревци (1 куќа) и они се доселени од споменатото село Горна Горица, Мала Преспа; Ничовци (2 куќи) доселени се од Глобочани, Мала Преспа; Ориѓани (4 куќи) доселени се од охридското село Коњско во 1946 година.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Основно Училиште „Браќа Миладиновци“

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[6]
Археолошки наоѓалишта[7]
  • Трап - некропола од железно време;
  • Црквиште - населба од неолитско и доцноантичко време;
  • Тумба - населба од неолитско време;
  • Св. Петка - осамен наод од старохристијанско време;

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Фудбалски клуб Пелагонија кој се натпреварува во општинската лига.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 237.
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.168-169.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 
  6. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°08′00″ СГШ; 21°28′12″ ИГД / 41.13333° СГШ; 21.47° ИГД / 41.13333; 21.47{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница