Црквиште (Трап)
Црквиште — археолошко наоѓалиште во битолското село Трап. Претставува населба од неолитско и доцноантичко време. Се наоѓа југозападно од селото, во непосредната близина на селската црква „Св. Петка“, каде се издига тумба со неправилна кружна основа, со пречник од околу 220 м и зачувана височина до 5 м. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, куќен лепеж, камени и коскени орудија. Исто така, се среќаваат и фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал од доцноантичкото време.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Тумба — населба од неолитско време;
- Трап — некропола од железно време;
- Св. Петка — осамен наод од старохристијанско време;
- Трап;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од неолитско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Трап
- Археолошки наоѓалишта во Општина Могила
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Битолско