Тумба (Вашарејца)
Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Вашарејца. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 2 км североисточно од селото, во непосредната близина на Црна Река, каде при обработувањето на земјата биле откриени темели од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Најдени се монети од Анастасиј кои се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |