Крчин (Свето Тодори)
Крчин — археолошко наоѓалиште во битолското село Свето Тодори. Претставува светилиште и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на мало плато што се наоѓа на јужната периферија на селото, каде според исказите на жителите биле откриени гробови градени од големи камени плочи - тип циста. Исто така се откриени и остатоци од темели на црква градена од кршен камен и варов малтер. Најдена е и мермерна плоча со релјефна претстава на човечки фигури. На површината на наоѓалиштето има две обработени мермерни плочи.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Василичини Гробишта — некропола од средниот век;
- Црквиште — населба од римско време;
- Чешмина — населба од доцноантичко време;
- Кутлина — осамен наод од римско време;
- Кучкина Леска — населба од средниот век;
- Кале — населба од хеленистичко време;
- Манастир — осамени наоди од римско време;
- Над Чаир — населба од неолитско време;
- Свето Тодори;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на светилиште
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Свето Тодори
- Археолошки наоѓалишта во Општина Могила
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Битолско