Ритче (Дедебалци)
Изглед
„Ритче“
| |
Местоположба | 41°07′00″N 21°29′05″E / 41.11667°N 21.48472°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Дедебалци |
Општина | Могила |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Ритче — археолошко наоѓалиште во битолското село Дедебалци. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 1,5 км југоисточно од селото, на падините на Селечка Планина обраснати со трева. На површината има фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Во непосредната близина има столб од камен долг 2,5 м, забиен во земјата, а источно од него, во карпите има вдлабнатини за поставување на дрвени столбови.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Градиште — населба и некропола од римско време;
- Лудеј — населба и некропола од доцноантичко време;
- Арматуш — населба од доцноантичко време;
- Тумба — населба од неолитско време;
- Широка Падина — населба од доцноантичко време;
- Шупуро — населба од доцноантичко време;
- Дедебалци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |